Post Views: 0
На 23-ти октомври 2021 година, во 14:00 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на локалниот пат кај струшкото село Ложани, се случила сообраќајна незгода во која се повредени три лица. Како што информираат од МВР, во незгодата учествувале патничко возило марка „Фолксваген туран“, управувано од 68-годишниот Н.М. од селото Ложани и патничко возило „Фолксваген венто“, управувано од 23-годишниот В.В. од селото Велешта, струшко, двете со струшки регистарски ознаки.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „Фолксваген...
Post Views: 9
Охрид нуди идеални услови за развој на конгресен туризам. Хотелиерите се повеќе инвестираат во изградба и осовременување на конгресните сали како би можеле да им излезат во пресрет на гостите кои одлучиле токму кај нив да ги одржат своите семинари и конгреси. Хотел Десарет кој е еден од најголемите хотели по својот капацитет со над 500 легла располага со 5 конгресни сали опремени по најновите стандарди за одржување на вакви настани. Во овој хотел од почетокот до средината на август се одржал конгресот на медицинари во кој имало учесници од 70тина земји од светот. И...
Post Views: 0
Започна теренската вакцинација за граѓаните кои немаат закажан термин за вакцина. Процесот е организиран од здравствените домови од секој град, а ќе се одвива без прекин со веќе направен распоред. Паралелно се одвива процесот на вакцинација редовно во рамки на здравствените домови. Вакцинацијата ќе се одвива буквално во сите оддалечени рурални места кои гравитираат кон еден централен здравствен дом, а ќе се аплицира кинеската вакцина „Синовак“. Во неколку пунктови низ земјава од утринава е регистрирана гужва од страна на граѓаните во раните утрински часови.
-Ова е процес...
Post Views: 7
Многу лиценци за такси, а малку паркинг простор. Охридските таксисти со забелешка до надлежните дека во Охрид се издаваат повеќе од потребното лиценци на такси возачите, без Локалната самоуправа да обезбеди доволно паркинг места наменети за нив. Тие не сакаа да коментираат пред камерата на ТВМ. Портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески информира дека имале издадено 300 изводи од лиценци за вршење авто такси превоз, и смета дека во Охрид има доволно паркинг места, но проблем било што охридските таксисти ги посакувале само атрактивните...
Post Views: 1
Изгоре голема површина на нискостеблеста и дабова шума во Куратица, охридско. Мештаните и екипи на ТППЕ цели два дена се бореле со огнената стихија, која започнала од Прентов Мост и со брз интензитет се проширила кон шумата. Претседателот на М. З. Горан Ангелоски, вели дека доколку екипите од шумското претпријатие реагирале навреме штетата би била помала и пожарот ќе се локализирал за пократко време. Ангелоски информира дека за состојбата лично го информирале секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески кој веднаш ноќта пристигнал со противпожарната екипа од Охрид.
„Се...
Post Views: 2
Светската агенција Associated Press уште пред шест месеци најави, а потоа и го имплементира системот во кој за пишување статии користи “новинари роботи”.
Имено, програмата е осмислена на начин така што пишува статии за работните резултати и известувањата од компаниите, за новинарите да имаат повеќе време за следење на трендовите, пронаоѓање нови приказни и ексклузивни вести. Програмата се вика “Automated Insights” и секој квартал објавува околу 3.000 вести од бизнисот и известувањата од компаниите, а таа бројка од ден на ден расте сѐ повеќе.
Кварталната добивка, кога...
Post Views: 9
Жителите од урбаната заедница „7-ми Ноември“ кои живеат на просторот кој ги опфаќа улиците„ Дејан Војвода“ „Стив Наумов“ до „Желзничка“, „Абас Емин“ и „7 – ми Ноември“ се жалат на бројни комунални проблеми. На територијата на која се протега оваа урбана заедница живеат над 5000 граѓани кои имаат потреба од основни комунални решенија. Улиците „Абас Емин“ и „Дејан Војвода„ се со ископан асфалт и со ударни дупки, без тротоари. Улицата „Пиринска“ чека на пробивање и поврзување со „Железничка“.
Димитрија Митрески член на Урбаната заедница, покрај овие комунални...
Post Views: 2
Наголемо се реновира спортската сала во ОУ Христо Узунов. Се подготвува за тренинзите за младинското Европско Првенство за Кошаркарки кои ќе се одржат во средината на наредниот месец. Учениците со нетрпение го очекуваат овој настан кој е мотив повеќе да спортуват и да се изградат во здрави личности.
Во спортската сала во ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржуваат тренинзите за младинското Европско Првенство за Кошаркарки. Од 13 до 23 август тука ќе се подготвуваат 22 репрезентации од цела Европа. Ова е причина што во училиштето се работи со полна пареа се подготвува салата...
Post Views: 11
Угостителските објекти од денеска ќе работат еден час повеќе, односно наместо до 12 на полноќ до 1 часот по полноќ.
Според Законот за угостителска дејност, сите угостителски објекти за исхрана вака ќе работат до 31 август, кога се скратува работното време за еден час. Државниот пазарен инспекторат најавува засилени контроли за почитување на работното време и на Законот за заштита од пушењето.
{loadposition content9}
Post Views: 20
Основното училиште „Братство единство“ во Лескајца сеуште има кров со азбестни плочи. Тие биле поставени уште пред дваесет години кога се првела чатијата на училиштето кое претходно имало равен кров. Веќе пет-шест години менаџментот на училиштето бара од надлежните институции да се сменат азбесните плочи земајќи го во предвид колку истите се штетни по здравјето на луѓето. Докажано е дека азбестот доколку почне да се распаѓа и од него се создава прашина таа е канцерогена и опасна. Министерството за образование треба да издвои средства од својот буџет за решавање на овој...
Post Views: 5
Првото бебенце кое се роди утрово сеуште нема име, се надеваме дека неговото братче и сестриче сериозно размислуваат на ова прашање. Инаку годинава мајката и бебето не ги посети ни еден од двајцата градоначалници. Градоначалникот Александар Петрески вели дека без оглед на фактот што првото бебенце е од Охрид, сепак не е во ред тој да ги посети на Струшки терен. Вели дека се што го следува ова бебенце од локланата самоуправа нахнадно ќе му биде врачено во неговиот дом. Најави дека тој лично ќе ги посети најверојатно за големиот христијански празник Божиќ.Што се однесува...
Post Views: 9
Интензивно се работи на изградбата на двојниот кружен тек на крстосницата на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул.„Македонски поросветители“.
Во завршна фаза е изгадбата на примарниот круг со дијаметар 24 метри по што ќе се гради секундарниот, помал круг со дијаметар од околу 3,5 метри. Веднаш потоа ќе следува поставувањето на два асфалтни слоја, со што ќе заврши оформувањето на падовите на коловозните конструкции на кружната крстосница.
На овој простор веќе е поставена нова атмосферска канализација од страна на ЈП „Нискоградба“ а изведувачот АД Илинден од Струга...