• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во салата во „Христо Узунов“ ќе се одржуваат тренинзите на младинското Европско Првенство за Кошаркарки

Во салата во „Христо Узунов“ ќе се одржуваат тренинзите на младинското Европско Првенство за Кошаркарки

Наголемо се реновира спортската сала во ОУ Христо Узунов. Се подготвува за тренинзите за младинското Европско Првенство за Кошаркарки кои ќе се одржат во средината на наредниот месец. Учениците со нетрпение го очекуваат овој настан кој е мотив повеќе да спортуват и да се изградат во здрави личности.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Наголемо се реновира спортската сала во ОУ Христо Узунов. Се подготвува за тренинзите за младинското Европско Првенство за Кошаркарки кои ќе се одржат во средината на наредниот месец. Учениците со нетрпение го очекуваат овој настан кој е мотив повеќе да спортуват и да се изградат во здрави личности.

Во спортската сала во ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржуваат тренинзите за младинското Европско Првенство за Кошаркарки. Од 13 до 23 август тука ќе се подготвуваат 22 репрезентации од цела Европа. Ова е причина што во училиштето се работи со полна пареа се подготвува салата за овој голем спортски настан. Кабинетите по физичко образование целосно се реновирани, подновени се и соблекувалните. Моментално се работи на спортската сала каде ќе се бојадисуваат ѕидовите ќе се фарба подот, а ќе се превземат и други зафати како би се овозможиле најдобри услови за тренинг на европските младинки во кошарка.

Соработката со кошаркарскиот сојуз на Македонија со нашето училиште трае одамна. И претходно во нашата сала се оржуваа тренинзи на репрезентациите во кошарка и ракомет. Нашата сала поседува добри услови за тоа бидејќи има добра подлога а имаме и професионални табли, вели директорот на училиштето, Тони Симоноски.

Тренинзите ќе бидат од отворен тип па сите љубители на кошарката ќе можат да ги следат.

Овај настан со големо задоволство е прифатен од учениците. Тие со нетрпение очекуваат да ги видат познатите европски имиња  од светот на младинската кошарка. Ова ќе биде мотив повеќе учениците што повеќе да спортуват и да се изградат во здрави личности, вели Симоноски.

Инаку летниот период во основното училиште „ Христо Узунов“ се користи за реализирање на низа други градежни активности за подобрување на условите за изведување на наставата. Се фарбаат врати и училници, се реновираат кабинети , се уредува салата за приредби. Активностите се реализираат со помош на Локалната самоуправа и средства од училиштето, како и спонзорства. Се очекува сите активности да завршат пред почетокот на новата учебна годин.

{loadposition ccontent9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top