Жителите од Урбаната заедница 7- ми Ноември имаат потреба од простор за спортување

Жителите од Урбаната заедница 7- ми Ноември имаат потреба од простор за спортување.

 |  Валентина Неловска  | 
dvor

Жителите од урбаната заедница „7-ми Ноември“ кои живеат на просторот кој ги опфаќа  улиците„ Дејан Војвода“ „Стив Наумов“ до „Желзничка“, „Абас Емин“ и „7 – ми Ноември“ се жалат на бројни комунални проблеми. На територијата на која се протега оваа урбана заедница живеат над  5000 граѓани кои имаат потреба од основни комунални решенија. Улиците „Абас Емин“ и „Дејан Војвода„ се со ископан асфалт и со  ударни дупки,  без тротоари. Улицата „Пиринска“ чека на пробивање и поврзување со „Железничка“.

skoloДимитрија Митрески член на Урбаната заедница, покрај овие комунални проблеми кои ги мачат жителите наведува и други содржини кои се потребни за нормално урбано живеење на огромниот простор кој го опфаќа „ 7-ми Ноември“. Од Урбаната заедница напоменуват дека во повеќе наврати испратиле дописи до локалните власти за решавање на нивните комунални проблеми ама конкретни зафати за нивно решавање нема. Сепак се надеваат дека наскоро барем ќе се реши проблемот со уредување на спортски терен кој ќе го користат жителите од УЗ. Тие побарале Локалната  самоуправа да изгради спортски терен  во дворот на основното училиште „Братство Единство“.

skolo„5000 жители  има населбата се раѓаат деца не се само возрасни, децата нема каде да играат. Во нашиот дел нема спортска сала за да вежбаат. Нема ни детска градинка  каде да се носат дечињата.Тие се основни работи кои треба да ги имаме“, посочува Митрески.   

 Иницијативата на УЗ  да се  уреди спортско игралиште во школото е прифатена и од училишните власти во „Братство Единство“. Ова е  единственото  градско  училиште без стандарден спортски  терен, вели директорот Муамер Доко.  

„Во дворот на училиштето  да се изгради спортски терен или спортски  балон за да може децата и граѓаните од УЗ да го користат. Училишниот двор ги исполнува стандардите за да се изгради покриено спортско игралиште т.н. балон  за да не им пречи вревата на останатите жители“, напоменува Доко.

Во моментов учениците за спортување  користат дел од предниот и задниот училишен двор. Директорот на училиштето „Братство Единство“ и раководтсвото на   УЗ се надеваат  дека за оваа потреба на жителите  ќе имаат слух и градоначалникот и Советот на општината.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top