Повредени 3 лица во сообраќајна несреќа кај Ложани

Сообраќајна несреќа се случила вчера на локалниот пат кај селото Ложани, струшко. Во несреќата учествувале две патнички возила, а повредени се три лица, од кои двајца жители на Ложани и еден жител на Велешта. Екипа од Полициската станица во Струга извршила увид на местото на несреќата.

 |   | 

На 23-ти октомври 2021 година, во 14:00 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на локалниот пат кај струшкото село Ложани, се случила сообраќајна незгода во која се повредени три лица. Како што информираат од МВР, во незгодата учествувале патничко возило марка „Фолксваген туран“, управувано од 68-годишниот Н.М. од селото Ложани и патничко возило „Фолксваген венто“, управувано од 23-годишниот В.В. од селото Велешта, струшко, двете со струшки регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „Фолксваген туран“, 56-годишната Л.М. од селото Ложани, додека двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Струга. Увид извршила екипа од Полициската станица во Струга – соопштија од МВР.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top