Post Views: 6
Промовирани реконструираните фасади на спомениците на културата, Куќата на Ѓурчинови, објектот на Радио Охрид и објектот на Магазата. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска вели дека станува збор за неколку значајни проекти кои се дел од програмата на министерството, а во рамките на проектот за обнова на фасади во старите градски јадра.
„Ова се навистина значајни објекти, кои што се регистрирани како споменици на култура и кои што влегуваат во поголемиот проект на Владата, а тоа е обнова на фасадите во старите градски јадра. Мене ми е посебно драго што...
Post Views: 2
Во рамки на денешната посета на Охрид, министерката Канческа-Милевска ги промовираше и депоата на Завод и Музеј во кои одсега историските и етнолошки предмети ќе се чуваат под уредни стандарди.
„Ова се навистина значајни проекти, кои што се во функција на самата институција и во функција на сите оние вредности кои што ги поседува Завод и Музеј, се со цел да се сочува етнологијата и археологијата и старите ракописи, се разбира и историските предмети кои што се пронаоѓаат интензивно, на сите оние локалитети каде што се истражуваше, се врши конзервација и нивна презентација...
Post Views: 0
Милиони луѓе стануваат толку зависни од паметните телефони и Facebook така што пред да заспијат и штом се пробудат ги земаат в раце и ги прегледуваат електронската пошта и новитетите на Facebook. Исто така, со својата зависност од телефоните и Facebook не можат да се воздржат ниту при преоѓање на улица па наместо да гледаат лево-десно, нивните очи се вперени во своите уреди.
Во еден калифорниски град одлучиле да стават крај на невнимателните пешаци кои не можат да се одвојат од телефоните па поставиле знаци на кои пишува: “Главата горе! Помини ја улицата. Тогаш надогради...
Post Views: 8
Една година државата се обидува да ја спороведе стратегијата за изградба на експресен пат и ски центар во рамките на националниот парк Галичица. Надлежните институции изготвија физибилити студија и неодамна одржаа јавна расправа за изгрдаба на овие проекти. Најгласни, за предвидените проекти на Галичица, се еколозите кои се противат на тоа да се нарушува убавината на националниот парк. На последната јавна расправа по однос на ревидираниот извештај за стратегиска оцена на влијание врз животната средина на предлог измените на Планот за управување со националниот парк...
Post Views: 6
Здружување и окрупнување на охридските земјоделци за сериозен пласман на охридската цреша долгошишка. Вака смета Ванчо Стојаноски кој е дел од земјоделците кои ја започнаа реализацијата на идејата за формирање на земјоделска задруга како правен субјект. Стојаноски вели дека ако земјоделците од регионов сакаат да обезбедат сигурен пласман на црешата, тогаш мора да размислуваат на здружување бидејќи според него тешко дека истите би можеле да ја покријат големата побарувачка од земјите од Европската Унија.
„Со здружувањето веќе добар дел од условите за извоз во Европската...
Post Views: 9
Пет лица се убиени синоќа во близина на Железарското езеро во атарот на селото Смиљковци.
Настанот се случил околу 22,30 часот, а полицијата засега не го соопштува нивниот идентитет како и мотивите за петкратното убиство.
Четири лица биле на возраст од околу 20 години и едно на возраст од над 40 години.
Според првичните информации на Миистерството за внатрешни работи, тие се убиени со огнено оружје и имале видливи повреди по телата, а околу нив биле најдени чаури.
Труповите ги виделе рибари и пријавиле во полиција. Портпаролот на МВР Борче Пeшевски изјави дека телата...
Post Views: 2
Oхридските алпинисти и планинари предупредуваат да не се користи регионалниот пат Охрид- Отешево до Корита кој води низ НП Галичица. Патот е опасен за посетителите иако на влезот има табла дека е прооден до 9 -от км до Корита, посочуваат тие. Напоменуваат дека овој патен правец со 1630 метри надморска височина е највисока точка во земјава. Често се јавува голомразица, ветровите може да ги пренесат снежните маси од една на друга страна и з а час да направат наноси од снег, браниците се дотраени или на места ги нема, а ЈП Македонија пат не го одржува правецот како...
Post Views: 3
Ачик планина од ѓубре. Во непосредна близина на старата автобуска станица наѕира депонија од комунален смет. Стари и искршени коли, пластични шишиња, алишта и секаков вид на комунален отпад се забележува на оваа црна точка. Жителите на овој дел од градот во неколку наврати имаат реагирано до нашата ТВ куќа за негрижата на локалното ЈП „Комунално“, од Струга, да ја извршува својата обврска, и да ја исчисти оваа дива депонија. Впрочем, зошто плаќаме сметки за подигање на комунален смет, кога сме оставени на добрата волја на ова претпријатие, реагираат граѓаните. Тие...
Post Views: 2
Христос се роди-Навистина се роди! Вака утринава се ширеше радосната вест за христовото раѓање во охридските православни храмови. Денес православието го слави најсветлиот ден, раѓањето на спасителот Исус Христос. Верниците побрзаа во храмовите најпрво да ја чујат светата архиерејска литургија, да се помолат за здравје, радост и бериќет. Ги запрашавме верниците како тие со своите семејства ќе го одбележат овој најсветол ден во православието.
„Како и сите православни во Македонија, така и ние, радосно, весело, со фамилијата, со пријателите, со роднините, традиционално.“
„Како...
Post Views: 11
Новогодишна честитка за поддршка на децата со ретки болести од дното на Охридското Езеро. На еден редок и навистина уникатен начин, нуркачите на Клубот за подводни активности „Охрид” ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести, за кои накитија и им ја посветија нивната ретка подводна новогодишна елка.
За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на нови терапии – порачаа нуркачите.
Тие упатија најубави желби за во новата 2022 година, сите заедно да влеземе со...
Post Views: 22
Во Охрид просечната цена за метар квадратен недвижност изнесува 29.958 денари или околу 480 евра. Ова се податоци на Агенцијата за катастар на недвижности до крајот на септември 2015 година. Со овој просек Охрид се најде на трето место во државава според цената на метар квадратен недвижност. На прво место е Скопје каде просечната цена за метар квадратен површина изнесувала 51.870 денари, или околу 840 евра, а по главниот град следува Битола каде метар квадратен изнесува 31.553 денари или околу 500 евра.
На пазарот со недвижности во Охрид најчесто се нудат...
Post Views: 1
Во рамките на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија, а кој општина Дебрца го имплементира со партнерите: ОО Црвен Крст Охрид и Алпинистичкото друштво “Патагонија” Охрид, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна во село Брежани започнаа градежните активности за реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во Планинарски Дом.
Ќе се изврши целосна реконструкција и опремување на зградата, а за што ќе бидат инвестирани...