• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Отворени историските, етнолошките како и депото на стари ракописи во Завод и Музеј Охрид

Отворени историските, етнолошките како и депото на стари ракописи во Завод и Музеј Охрид

Отворени историските, етнолошките како и депото на стари ракописи во Завод и Музеј Охрид. Ова во насока на обезбедување најсовремени услови за чување, конзервација и презентација на значајните историски и етнолошки пронајдоци.

 |  Мишел Наумоски  | 

Во рамки на денешната посета на Охрид, министерката Канческа-Милевска ги промовираше и депоата на Завод и Музеј во кои одсега историските и етнолошки предмети ќе се чуваат под уредни стандарди.

„Ова се навистина значајни проекти, кои што се во функција на самата институција и во функција на сите оние вредности кои што ги поседува Завод и Музеј, се со цел да се сочува етнологијата и археологијата и старите ракописи, се разбира и историските предмети кои што се пронаоѓаат интензивно, на сите оние локалитети каде што се истражуваше, се врши конзервација и нивна презентација и чување.“ -изјави Елизабета Канческа-Милевска-Министерка за култура

Според министерката Канческа-Милевска, отворените депоа ќе значат регулирање на значајните аспекти во делот на заштитата на културното наследство, како и тоа дека министерството и во иднина ќе продолжи во таа насока со цел институциите да добијат вакви депоа со најсовремени услови за чување, конзервација и презентација на значајните историски и етнолошки пронајдоци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top