• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охриѓани сакаат референдум за да кажат дали се за ски центар и експресен пат во НП „Галичица“

Охриѓани сакаат референдум за да кажат дали се за ски центар и експресен пат во НП „Галичица“

Охриѓани сакаат  референдум за да кажат  дали се за ски центар и експресен пат во  НП „Галичица“.

 |  Валентина Неловска  | 
rasprava

Една година државата се обидува да ја спороведе стратегијата  за изградба на експресен пат и ски центар во рамките на   националниот парк Галичица. Надлежните институции изготвија  физибилити студија и неодамна одржаа јавна расправа за изгрдаба на овие проекти. Најгласни, за предвидените проекти на Галичица, се еколозите кои се противат на тоа да се нарушува убавината на националниот парк.  На последната јавна расправа по однос на ревидираниот извештај за стратегиска оцена на влијание врз животната средина на предлог измените на Планот за управување со националниот парк Галичица,  беше побарано распишување на рефрендум на кој охриѓани ќе го кажат своето мислење за за најавените развојни проекти кои владата планира да се реализираат во заштитените зони на Националниот парк Галичица.

galicicaТВМ се обиде да го слушне мислењето на граѓаните дали се за референдум на кој би го кажале своето мислење по овие ова пршање. Повеќето случајно  избраници граѓани се  за спроведување на референдум.

На оваа тема дали локалната ќе ја поддржи идејата за референдум на кој охриѓани би го кажале своето мислење за изградбата на ски центар и експресен пат  со став и Гордана Коњаноска, претседател на Советот на  Локалната самоуправа. 

„ Обврската да ја организира јавната анкета ја завршуваат институциите кои се под централната власт, држвните институции. Секако, локалната самоуправа будно го следи тој процес и јавната анкета дури и идејата за организирање на референдум. Но, морам да потсетам  на начинот како се органзира и спроведува референдум кој е строго дефиниран. Бара предуслови и ако тие се исполнети ќе се најдат на расправа на Совет на општина Охрид“, истакна Коњаноска.  

Законот за локална самоуправа нуди повеќе механизми за граѓаните да учествуваат во донесување на одлуки во локалната самоуправа.Меѓу нив се локалната иницијатива, референдумот, предлози и претставки. Референдум според овој закон на локално ниво распишува Советот на градот и тој е должен да распише референдум на барање на 20% од избирачите во општината. Засега останува да видиме како ќе се одвиваат работите и дали ќе се распише референдум на кој охриѓани ќе го кажат своеот мислење.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top