Post Views: 1
60 оброци зготвени од врвни кулинарски мајстори од Македонија и 40 десерти од слаткарницата Анабела денес ќе добијат социјално загрозените семејства кои се хранат во народната кујна во Охрид. Ова е дел од акцијата Готвачите и хуманоста која ја организираат маркетите Тамаро заедно со Вкусот на традицијата.
Целта на денешната акција е да готвиме со љубов и хумана димензија и да им помогниме барем за миг на оние на кои тоа им е најпотребно, рече Адријана Алачки водителката на емисијата Вкусот на традицијата.
Повеќе познати готвачи од Македонија подготвуваа различни специјалитети...
Post Views: 4
Водата во градскиот водовод во Охрид е квалитетна за пиење, ддоека во руралните средини водата за пиење е со променлив квалитет, вели Сашо Точков , броматолог, специјалист по санитарна хемија. Тоа се должи на недостаток од дезинфекциони средства проблем присутен подолго време па водата микробиолошки и бактериолошки е загадена.
Нашиот град и држвата не може да се пофалат со висока свест кон водните ресурси со кои располагаме. Додава дека граѓаните и институциите сеуште имаат ниска свест за значењето на езерото како басен со квалитетна вода за пиење. Мал е бројот...
Post Views: 8
Осум француски државјани, вклучувајќи ги и славната едриличарка Florence Arthaud, олимпијската пливачка Camille Muffat и боксерот Alexis Vastine, се наоѓаат меѓу десетте загинати лица кога во Аргентина за време на снимање на реално шоу се судрија два хеликоптери.
До несреќата дошло во западната провинција La Rioja, во близина на планинскиот венец Анди, соопштиле локалните власти, додавајќи дека причината за несреќата на двете летала засега не е позната.
Меѓу загинатите се и неколку членови на продукциската куќа ALP TV кои учествувале во снимањето на авантуристичката...
Post Views: 0
Гастрономите од Македонија се обединија. Од неодамна се формира асоцијацијата „Гастромак“ во која можат да членуват готвачите од државава кои имаат диплома од некое средно стручно угостителско училиште. На ваков начин многу полесно ќе се решаваат нивните проблеми, но и ќе имаат можност да посетуваат разни курсеви, семинари и да разменуваат искуства од областа на кулинарството со нивните колеги од странство.
Нас посебно ни е важна соработката со Охрид и охридските гастрономи бидејќи Охрид е еден значаен туристички предизвик за цел свет и треба во него многу да се вложува....
Post Views: 2
После 3 децении, целосно реконструирани улиците „Сатеска“, „Мича Гилиќ“ и „Трајче Трајчески“, во населбите „Воска“, „Даљан“. Градоначалникот Никола Бакрачески со задоволство зборува дека денес се радуваат жителите на Воска, утре на некоја друга охридска населба бидејќи во континуитет се реализирале проекти во различни делови на градот кои го подобруваат животот на охриѓани, а воедно се остварува не само ветеното туку и повеќе од тоа.
„Населба Даљан и Воска стојат високо на приоритетите во стратегијата за развој на општина Охрид посебно ова место каде што се наоѓаме...
Post Views: 9
Со вчерашната изведба на претставата „Сонот на Цепенко” во режија на Кирил Петрески, прилепскиот театар при ЦК „Марко Цепенков“ ќе одбележи 63 години од формирањето.
Љубителите на театарот ќе уживаат во музичката кореодрама во режија на Кирил Петрески, со која се раскажува сонот на Цепенков, но и видувањата на режисерот на творештвото на Марко Цепенков.Во театарската хроника е забележано дека завесата во Театарот „Војдан Чернодрински“ се кренала на 18 февруари во 1950 година, со премиерата на „Кир Јања”, од Ј.С.Поповиќ, во режија на Ацо Михајлоски.
– Досега се...
Post Views: 7
Анастазија Жупан е млада девојка која ги сака истите работи како и нејзините врснички. Сака музика, обожува да се капи во езерото, да шета по охридската чаршија, да се дотерува, да се дружи со своите пријателки со кои ги споделува своите тајни. Анастазија секогаш е насмеана и ведра и со неа е задоволство да се разговара. Дури тоа ако знаеш можеш да го направиш и на шпански, бидејќи Анастазија има познавања и од овој јазик. Таа е активна и не бега од обврски, туку ги исполнува со задоволство. Таа е дел од Лајонс клубот „Деница“ каде учествува во сите активности посебно...
Post Views: 9
Седница со многу факти, вистини и предупредувања. На самиот почеток на 26 тата седница претседателот на Струшкиот совет ги предупреди советниците да се придржуваат кон дневниот ред и дека на седницата нема место за политички маркетинг. Жестока расправа се отвори уште на самиот старт, поточно на втората точка од дневниот ред, предлог програма за поставување на урбана опрема за 2011 год. Претседателот на комисијата за урбанизам Ќазим Илјази рече оти мора да се почитува програмата за поставување на урбана опрема.
Јулијана Зунова од ВМРО – ДПМНЕ побара да се формира анкетна...
Post Views: 3
Маргарет Етвуд од Канада е годинешнито лауреат на „Златниот венец“ на СВП. Етвуд не е само поет и пистаел туку и активист за женските права во светот, истакна Славе Ѓорго Димоски претседателот на Управниот одбор на СВП.
„ Нејзината поезија што го понесе ова високо признание се движи меѓу животното искуство и митологизираните простори на човечката имагинација. Таа се залага за женското плебство, но и за двојноста на светот, женско -машко, ден – ноќ, црно- бело. Нејзината поезија координира и комуницира со целиот свет бидејќи се чувствува наративната нишка...
Post Views: 9
На 29.10.2021 година околу 13 часот, во ОВР Струга од Итната медицинска помош, пријавено е дека примиле повик за повредено лице на нива во месноста „Градарица”, атар на струшкото село Мислешево и дека по излегување на местото, медицинската екипа констатирала смрт.
Од извршениот увид предводен од јавен обвинител, констатирано е дека се работи за Б.М.(46) од селото Мислешево кој, починал при управување трактор – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 10
Локалната самоуправа не дала ниту денар во 2015та година за развој на училишните спортови, критикува советникот на ВМРО НП, Јоне Станкоски. Тој додава дека тоа е несфатливо бидејќи развојот на училишниот спорт и тоа како е значаен за развојот на децата и на нивната личност. Станкоски вели дека иако биле предвидени средства во буџетот за 2015та година за училишниот спорт, досега не се префрлени на училиштата.
Онаму каде локалната треба најмногу да се заложи, а тоа е развојот на децата, таа како да е глува. Не можам да сфатам зошто нема чуство за развојот на училишниот...
Post Views: 8
Советот на Општина Охрид со 14 гласа „За“ ја прифати Предлог – Одлуката за долгорочно задолжување на Општина Охрид, со цел нејзино конечно раздолжување.
Успеавме да направивме голем исчекор кон исполнување на една од најзачајните цели, на кои како локална власт бевме исклучително посветени, а тоа е враќањето на финансиската стабилност на Општина Охрид, истакна за медиумите градоначалникот Константин Георгиески веднаш по гласањето.
Со посветена и напорна работа за само две години успеавме да го намалиме деценискиот долг на општината, за повеќе од една милијарда денари....