Во судир на хеликоптери загинаа спортски ѕвезди

Осум француски државјани загинаа во Аргентина меѓу кои се и славни спортски имиња

 |  инфодеск  | 

Осум француски државјани, вклучувајќи ги и славната едриличарка Florence Arthaud, олимпијската пливачка Camille Muffat  и боксерот Alexis Vastine, се наоѓаат меѓу десетте загинати лица кога во Аргентина за време на снимање на реално шоу се судрија два хеликоптери.

До несреќата дошло во западната провинција La Rioja, во близина на планинскиот венец Анди, соопштиле локалните власти, додавајќи дека причината за несреќата на двете летала засега не е позната.

Меѓу загинатите се и неколку членови на продукциската куќа ALP TV кои учествувале во снимањето на авантуристичката емисија “Dropped” за приватниот канал TF1. TF1 изразил сочуство до фамилиите на жртвите.

Во споменатиот серијал учесниците требало да се префрлат во дивина каде морале да ги употребат сите свои знаења и вештини за да преживеат и да го пронајдат патот за назад во цивилизацијата.

Arthaud била една од првите жени која дојде на врвот во светот на едриличирството, а во 1990 година го преплови Атлантикот во рекордно време сама во едрилицата. Таа го преплови Атлантикот за 9 дена 21 час и 42 минути, надминувајќи го рекордот за еден ден во оваа дисциплина.

Muffat  победи на Олимписките игри во 2012 година во Лондон во трката во пливање на 400 метри слободно, додека 28-годишниот Vastine освои бронзен медал на Олимиските игри во Пекинг во 2008 година.

“Толку сум несреќен и ужаснат, не можам да ви опишам”, напишал на Twitter Silvian Wilthord, поранешен фудбалер на Арсенал кој исто така бил учесник во шоуто.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top