Post Views: 4
Стотина работници од прилепската конфекција „Комфи ангел“ денеска ќе приредат вистински спектакл на плоштадот во центарот на градот, изработувајќи пред жири-комисијата џиновска перница со која ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди.
Фирмата ќе го урива досегашниот рекорд на белгиската фирма која изработила перницата со димензии 15х15 метри и тешка околу три тони.
На подготвениот терен, за два-три часа, прилепските конфекционери и мајстори за перници и прекривки, треба да ја изработат перницата со димензии 17,9х17,9 метри или околу 320 квадратни метри, со тежина од...
Post Views: 2
Србите се најдобри купувачи во старата охридска чаршија. Но добри купци се и гостите од Холандија, Турција и соседна Албанија, израелците, хрватите и словенците. Вакви се видувањата на дел од охридските дуќанџии. Купувањето или шопингот е добредојден за сите. Без разлика дали станува збор за мажи или жени, секој сака да купува во рамките на своите финансиски можности, вели Кристина Крстевска од „Среќна куќа“.
„Можеме да кажеме дека претежно во месеците јули и август прометот е зголемен, меѓутоа може секогаш да биде подобро. Можам да ги пофалам странските купувачи оваа...
Post Views: 6
Струшките бајкери подготвени за дружба. Околу 300 моторџии од земјава и странство, два дена ќе престојуваат во Струга. Повод за тоа е одбележување на годишнина на струшкиот Мото клуб. Тие покрај тоа што ќе изведуваат професионални вежби, ќе се разладат со пивце, добра скара и ќе разменат муабети од нивна бранша. Организаторите велат дека собирите од ваков карактер се неповторливо доживување. Зоран Мојсовски кој е член на клубот од самото постоење, вели дека мора да се покажат во вистинско светло како добри домаќини, бидејќи сепак се работи за традиционално одбележување.
Еден...
Post Views: 1
Дворните места од објектите на градинката „Јасна Ристеска“, мета на несовесни граѓани. Од градинката се жалат дека најверојатно малолетници бесправно влегуваат, се задржуваат и ги користат дворните површини од објектите на градинката, особено во попладневните и вечерните часови, а притоа прават штета на имотот на градинката. Ги кршат оградите, ги оштетуваат и уништуваат детските игралишта, се качуваат на покривите од објектите, расфрлаат отпадоци од секаков вид во тревниците, ги уништуваат градините, кршат гранки и ги корнат посадените растенија од страна на децата....
Post Views: 7
Општина Охрид исплати 1 210 000 денари на 219 охриѓани кои аплицираа на претходно објавениот Јавен Повик за субвенционирање при купување велосипеди.
Средствата што општина Охрид ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Со ова локалната власт настојува да ги стимулира охриѓани да користат велосипеди наместо возила.
Јавниот Повик за субвенционирање при купување велосипеди е согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид и Програмата за поддршка...
Post Views: 4
Дека оваа туристичка сезона во Охрид ја доживува својата кулминација, најголем доказ е повеќекратното зголемување на комуналниот отпад со кој се соочува нашиот град, а ЈП „Охридски комуналец“ со сите сили се обидува да одржи оптимално ниво на комунална хигиена. Граѓаните и туристите генерално задоволни од нивото на комунална хигиена во најфрекфентниот период од годинава.
Од „Охридски комуналец“ велат дека во овој период значително се интинзивирани активностите за чистење на јавно прометните површини и за подигање на сметот. Елена Скрческа директорката на ЈП „Охридски...
Post Views: 0
Пишува Весна Коловска
Рецензираме текст со наслов: „Кандидатката за пратеник Билјана Проеска од редовите на ВМРО од Крушево осудена!“, со кој голо се пренесува нешто што претходно било напишано на социјалните мрежи, без почитување на новинарските стандарди и проверка на фактите.Во овој случај сајтот пренесува коментар на корисник на Твитер:
Ова ли се тие чесни и честити луѓе на Мицкоски, нови луѓе со кои нуди обнова?! Кандидатката за пратеник Билјана Проеска од редовите на ВМРО од Крушево осудена!!! Докажан криминалец! Кој сака нека честита (извор Твитер).
Во прилог...
Post Views: 6
Во присуство на Градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски, претседателот на Советот на Општина Дебрца, Даниел Огненоски, претставници од Основното училиште од општината и локалното население започна реконструкцијата на Културниот дом во Лешани.
-Се работи за темелна санација-реконструкција на стариот Културен дом во Лешани, кој ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ “Дебрца” – с.Белчишта, реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар. Во рамките на објектот ќе има посебно одвоен простор кој ќе...
Post Views: 2
Синоќа во автокампот Градиште било пронајдено безживотно тело на 19 годишно момче.
Според првичните информации врз телото на момчето немало траги на насилство. Се претпоставува дека се работи за природна смрт.Точните информации ќе ги покаже увидот кој е во тек.
Post Views: 6
Икеа смета дека кујната на 21 век не би требало да биде место полно со паметни апарати кои би помагале при готвењето, туку технолошки центар на секој дом.
Оваа шведска компанија во соработка со уште некои компании го претстави “концептот на кујна 2025”, а за што станува збор можете најдобро да видите во видеото подолу. Како што велат во компанијата, оваа технологија би требала да им заштеди на домаќинствата време и едукација при готвењето.
Центарот на системот е масата над која е поставен пакет на сензори и камери со прожектор кој на подлогата на масата прикажува рецепти...
Post Views: 1
Во Пештани повторно почна да функционира амбулантата . По пауза од неколку години во оваа здравствена установа ќе можат да добијат здравствените услуги жителите од Пештани, Трпејца и Љубаништа, но и гостите кои престојуваат во овие туристички места. Сега пештанци добиваат матичен лекар кој има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, а кој се наоѓа во нивното место на живеење.
Особено е важно што е реализирано барање на граѓаните, бидејќи наша улога е да го слушаме гласот на народот и да правиме се што е во наша надлежност и да промовираме...
Post Views: 4
Молитва за прошка од Јелена Бачиќ Алимпиќ најбарана книга во градската библиотека Григор Прличев. Читателите чекаат ред за да го позајмат и прочитаат овој роман. Го бараат охриѓани, но и гостите кои доаѓаат на подолг период во градов пред се тоа се туристи од Скопје кои остануваат и по неколку месеци во Охрид и кои секоја година се зачленуваат во библиотеката како би можеле и за време на својот одмор да читаат. Покрај овој роман многу барани се и останатите дела на авторката Бачиќ Алимпиќ, а голем интертес има и за хит насловот Девојката врана од Ерик Аксал Сунд, Вистината...