Повеќе туристи, повеќе смет, повеќе работа за Комуналец

Во екот на туристичката сезона кога бројот на туристите и викенд посетителите е најголем, Охрид со сите сили се обидува да одржи оптимално ниво на комунална хигиена.

 |   | 

Дека оваа туристичка сезона во Охрид ја доживува својата кулминација, најголем доказ е повеќекратното зголемување на комуналниот отпад со кој се соочува нашиот град, а ЈП „Охридски комуналец“ со сите сили се обидува да одржи оптимално ниво на комунална хигиена. Граѓаните и туристите генерално задоволни од нивото на комунална хигиена во најфрекфентниот период од годинава.

Од „Охридски комуналец“ велат дека во овој период значително се интинзивирани активностите за чистење на јавно прометните површини и за подигање на сметот. Елена Скрческа директорката на ЈП „Охридски комуналец“ вели дека сите нивни капацитети насоечни се на подигање на смет од комплексите за стамбено домување како и од локациите каде најмногу се акумулира комунален отпад.

„Се справуваме бар сега и со помош на тие нови возила, кои ЛС ни ги донираше претходната година, една припомош во вака зголемен обем на работа.Од 2-ти јули воведуваме и трета смена која опфаќа централното градско подрачје и хотелско-угостителските објекти од хотел „Парк“ се до Св.Наум. Сега за сега хотелско-угостителските објекти имаат најголем капацитет за подигање на отпад имаме две возила во оптек, едното од Парк до Св. Наум, другото од Св. Наум натака.дно возило брзо се полни па треба да се врати а празнењето е 25 км до Буково, така да до сабајле едно возило нема време да направи уште една тура истот возило.“ објаснува Скрческа.

Исто така помошта од граѓаните односно нивното совесно однесување е она што најмногу може да помогне за чист Охрид. Но гражаните сметаат дека сеуште треба да се рaботи на подигање на свеста кај населението, за тоа колку може и колку треба како граѓани и посетители да придонесеме за повисоко ниво на хигиена во градот во кој живееме или одмараме.

И од Комуналец апелираат за посовесно однесување на граѓаните, особено кога се одлага зелен или кабаст опад на несоодветни локации и додаваат дека активностите за одржувањето на комуналната хигиена во периферните делови од градов, и во овој период кога е зголемен нивниот обем на работа продолжува со истата динамика.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top