Прилепска перница во трка за Гинис

Стотина работници од прилепската конфекција „Комфи ангел“ денеска ќе приредат вистински спектакл на плоштадот во центарот на градот, изработувајќи пред жири-комисијата џиновска перница со која ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди.

logo
лого

Стотина работници од прилепската конфекција „Комфи ангел“ денеска ќе приредат вистински спектакл на плоштадот во центарот на градот, изработувајќи пред жири-комисијата џиновска перница со која ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди.

Фирмата ќе го урива досегашниот рекорд на белгиската фирма која изработила перницата со димензии 15х15 метри и тешка околу три тони.

pernicaНа подготвениот терен, за два-три часа, прилепските конфекционери и мајстори за перници и прекривки, треба да ја изработат перницата со димензии 17,9х17,9 метри или околу 320 квадратни метри, со тежина од пет тони. Перницата ќе биде наполнета со фибер и со природни материјали.

За музичката програма се задолжени квартетот на Пламенка Трајковска и Калиопи.

– Перформансот што ќе го реализираме е целосно автентичен и оригинален производ. Очекуваме да го собориме рекордот и да создадеме репрезентативен примерок на перница. Впрочем, тоа е условот што го бараат од организацијата на Гинис, а кој треба да го исполниме пред нивните очи – вели Николче Јанески, раководител на секторот за развој од „Комфи ангел“, македонско-англиска компанија со 600 работници.
По завршувањето на манифестацијата, материјалот од перницата ќе се рециклира и ќе се искористи за полнење на играчки – мачиња и кучиња од кадифе.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески е горд што градот по втор пат ќе се запише во Гинисовата книга на рекорди. Првиот пат беше во 2008 година кога вредните прилепски домаќинки подготвија 80.191 посни сармички за патрониот празник на градот Свети Никола.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top