ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ

Општина Охрид исплати 1 210 000 денари на 219 охриѓани кои аплицираа на претходно објавениот Јавен Повик за  субвенционирање  при купување велосипеди.

 |   | 

Општина Охрид исплати 1 210 000 денари на 219 охриѓани кои аплицираа на претходно објавениот Јавен Повик за  субвенционирање при купување велосипеди.

Средствата што општина Охрид ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Со ова локалната власт настојува да ги стимулира охриѓани да користат велосипеди наместо возила.

Јавниот Повик за субвенционирање при купување велосипеди е согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2021 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top