Културниот дом во Лешани ќе добие нов лик

Во присуство на Градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски, претседателот на Советот на Општина Дебрца, Даниел Огненоски, претставници од Основното училиште од општината и локалното население започна реконструкцијата на Културниот дом во Лешани.

 |   | 

Во присуство на Градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски, претседателот на Советот на Општина Дебрца, Даниел Огненоски, претставници од Основното училиште од општината и локалното население започна реконструкцијата на Културниот дом во Лешани.

-Се работи за темелна санација-реконструкција на стариот Културен дом во Лешани, кој ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ “Дебрца” – с.Белчишта, реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар. Во рамките на објектот ќе има посебно одвоен простор кој ќе биде на располагање за локалното население. – информираат од Опшината.

Инаку од пожарот што во ноември 2011 година го зафати Културниот дом, целосно беше изгорена кровната и меѓукатна дрвена конструкција, целосно е уништена надворешната и внатрешната столарија, а од објектот останати се само надворешните и делумно внатрешните ѕидови.

– Ова е голем ден, историски ден за овој дел од општината Дебрца. Денес практично започнува реализацијата на она што беше ветено и она што беше ветено почнува да се гради денес, а ќе се заврши во наредниот период, тоа е Културниот дом во Лешани, кој ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ “Дебрца” – с.Белчишта, а дел од објекот е проектиран како повеќенаменски простор кој ќе го има на располагање локалното население. Имам особена чест и задоволство како Градоначалник на Општина Дебрца да учествувам на одбележувањето на овој настан. – рече првиот човек на Дебрца, Игор Трајкоски.

Вкупната инвестициона вредност на овој проект е 6.175.807,0 денари со пресметан ДДВ, од кои 3.000.000,0 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, а остатокот се сопствени буџетски средства.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top