Post Views: 5
Веќе петти ден по немилите настани кои го зафатија регионот на Скопје, како матерјалната и финансиската помош на охриѓани, пристигнува во просториите на Општинаската Организација на Црвениот Крст во Охрид. Физчки и правни лица, сеуште несебично ја нудат и донираат својата помош, без разлика дали таа е материјална и фили финансиска.
„Можам да кажам дека одзивот е навистина голем и сосема доволен. Се јавуваат правни лица кои сакаат да донираат во поголеми количини од она што го поседуваат. Исто така секојдневно доаќаат граѓани кои прашуваат што можат да донираат, па купуваат...
Post Views: 2
Посетите на НП „Галичица“ се без дозволи. Укинато контролираното движење на посетителите низ националните паркови кое требаше да важи до 15 август. Преовладало барањето површини на македонските планини да бидат достапни за туристите. Кон оваа владина одлука се приклучи и НП Галичица иако имале став дека посетата на планините со дозвола за престој ќе придоснесе за поодговорно однесување на посетителите.
„Но другите паркови како што се Водно, Јасен и другите побараа укинивање на контролираното движење. Се прекина и има препорака од Владата да се зајакне присуството...
Post Views: 3
Од ова лето, туристите кои ќе престојуваат во Мала Преспа, ќе имаат можност по Преспанско Езеро да се шетаат со брод на соларна енергија.
Туристичкиот брод на сончева енергија ќе биде ставен во функција до крајот на јули, најави градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко.
– Станува збор за заеднички проект на општина Пустец и општина Преспа, Грција, поддржан од фондовите на ЕУ за меѓугранична соработка. Од Германија ќе пристигнат три бродови, два за грчката страна на Преспа и еден за нас. Сега сме во фаза на подготовка на документација и очекуваме на крајот од јули...
Post Views: 1
Пцовисани мрши се фрлаат покрај патот во Чекоштина. Јамата која некогаш постоеше над селото Орман за депонурање на пцовисани животни е неколку години затрупана, а од Главниот општински инспекторат незнаат дали градот има легална јама за пцовисани животни.
Жителите од околните села кои ТВМ ги контактираше велат дека мртвите животни ги фрлаат в планина или на Мауцкер. Претставник од месната зедница од Горно Лакочереј пак во телефонски разговор за Твм кажа дека до сега на нивна адреса нема ниедна пријава од жителите , па така не се ни обраќале за помош до надлежните...
Post Views: 0
Стружани се жалат на работата на МЈП „Проаква“, посебно оние од дел на ул. „Ристо Крле“. Тие секојдневно на патот до влезот на својот дом принудени се да поминуваат низ кал и вода. Оваа состојба веќе два месеци е реална слика за овој дел а причината за тоа е дефект на водоводна цевка. Граѓаните велат -како е можно еден сериозен проблем кој боде очи не само на станарите кои живеат тука, туку и воопшто на сите, да не се реши. Прашуваат каде треба да се обратат затоа што кренале раце од институцијата кој е надлежна за овој проблем, бидејќи досега не излегла на увид. Царе...
Post Views: 2
Граѓаните реагираат на условите на паркинг просторот наспроти Центарот за обука на вода во непосредна близина на мостот кај каналот “Студенчишта“ со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“. Тие велат дека немаат проблем со тоа да платат за користењето на истиот доколку ги задоволува стандардите. Последниот обилен дожд само ја влоши состојбата на овој паркинг претворајќи го во езерце.
Во периодот меѓу двете туристички сезони, просторот беше тампониран, беше фрлен чакал и обележан од страната на пешачката патека. Откако временските прилики, создадоа проблеми од јавното претпријатие...
Post Views: 3
Охрид и Македонија достојно му одадоа почит на Св. Климент Охридски Патронот на градот. 1 100 годинишнината од упокојувањето на Св. Климент беше одбележана со низа свечености и културни настани. Кулминација беше синоќешната свечена Академија што се одржа во ЦК „Григор Прличев“ . На академијата присуствауваа претседателот на државата д-р Ѓорѓе Иванов, претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите, Таки Фити, градоначалникот Никола Бакрачески, и многу други претставници на институции и гости. Градоначалникот во своето обраќање рече дека одбележуваме...
Post Views: 5
Утре истекува рокот за пријавување на Конкурсот што го објави Државниот завод за статистика за кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 5-ти до 30-ти септември ќе го спроведуваат попишувањето на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија.
За општините Охрид и Дебрца, согласно конкурсот, потребни се 214 попишувачи и 21 инструктор. За Струга и Вевчани ќе бидат ангажирани 142 попишувачи и 14 инструктори.
При изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори ќе се има предвид етничката структура на населението...
Post Views: 2
Се е подготвено да финишира фестивалот Охрид колинг со настапот на големите светски музички звезди Ал ди Меола и Продиџи. Охрид е подготвен да ги дочека гостите кои ќе допатуваат овој викенд во градот за да ги слушнат изведбите на светски познатите музичари, истакнаа од Локалната самоуправа кои се коорганизатори на фестивалот со Авалон продукција.
„Според најавите и очекувањата од Авлон интересот е огромен не само од Македонија туку и од околните Балкански земји, од други европски држави, од Англија и Холандија заради директните авионски линии .Тоа е можност вљубениците...
Post Views: 6
Секоја летна сезона со старите добро познати проблеми во градскиот такси превоз. Низ охридските улици и летувалиштата долж крајбрежјето повторно има појави каде што одредени таксисти ги кршат законските прописи. Револтирани граѓани споделуваат различни непријатни искуства при превоз од некои охридски таксисти. Јавуваат за случаи каде што се наплаќа според клиентите кои се возат, се преземаат патници од автобуските постојки, не се издаваат фискални сметки, се вози и без уклучен таксиметар, а таксистите не се раслположени да возат на пократки реалции. Со цел намалување...
Post Views: 3
Италијанскиот кондиторски џин Ferrero, познат по брендот Nutella, купи имот од земјоделското претпријатие Алекса Шантиќ, покрај Сомбор, за 7,95 милиони евра, соопшти Агенцијата за приватизација на Србија.
Станува збор за земјоделско земјиште со вкупна површина од 699,5 хектари со пропратни објекти, а купувачот е компанијата Agriser од Белград, чиј сопственик е Ferrero. Спрема наводите на Радиотелевизија Војводина, Agriser понудил во следните две години да инвестира во насади на лешници на сите 700 хектари.
Спрема очекувањата на Италијаните на производство на лешници...
Post Views: 0
Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Денес тие даруваа крв на традиционалната крводарителска акција која секоја година се одржува по повод големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски.
Покрај нашите редовни крводарители има и неколку кои се од други градови, а кои престојуваат во нашиов град. Тоа посебно не радува бидејќи е показател дека хуманоста се носи секаде со себе и може да се покаже и на друго место не само во градот во кој живееш, вели Васко Ѓоргиески, волонтер во Клуб 25 и ЦК Охрид.
На...