Каллив пат до дома

Жителите на ул. „Ристо Крле“, мора да поминат низ кал и вода, за да стигнат до својот влез. Ваквата состојба трае неколку месеци, а е како последица на дефект на водоводно – канализациониот систем.

 |  Билјана Николоска  | 
komunalen problem
komunalen problem

Стружани се жалат на работата на МЈП „Проаква“, посебно оние од дел на ул. „Ристо Крле“. Тие секојдневно на патот до влезот на својот дом принудени се да поминуваат низ кал и вода. Оваа состојба веќе два месеци е реална слика за овој дел а причината за тоа е дефект на водоводна цевка. Граѓаните велат -како е можно еден сериозен проблем кој боде очи не само на станарите кои живеат тука, туку и воопшто на сите, да не се реши. Прашуваат каде треба да се обратат затоа што кренале раце од институцијата кој е надлежна за овој проблем, бидејќи досега не излегла на увид. Царе Пауноска вели дека две години наназад се соочуваат со проблеми од водоводно – канализациониот систем, а ова лето проблемот е ачик  и трае.

Слободан Новковиќ, засегнат жител од оваа улица, вели дека живеат во една од најнаселените населби во Струга со околу 2 000 жители. Според него не е во ред од МЈП „Проаква“ да се правдаат со веќе познатите изговори дека немаат репроматеријали и доволно луѓе за на терен

komunalen problemА пак Раде Калабиќ, сопственикот на маалската кафана „Два шешира“, која исто така е на ул. „Ристо Крле“, вели дека 2 децинии работи на истата локација, оти редовно плаќа за вода, а утрово му стигнала енормно висока сума за надомест на вода. Додава дека со ова ја губи довербата кон Ј.П.

Директорот на МЈП „Проаква“, Р.Е. Струга, Ваит Ајро, признава дека во тој дел на ул. „Ристо Крле“ постои проблем кој е добро познат. Ајро вели дека поради немање на репроматеријали истиот се одолговлекол, но не е заборавен. Од друга страна пак, директорот рече дека во оваа населба имаат сериозен проблем и со наплатата на сметките за надомест за вода, бидејќи голем дел од граѓаните не ги подмирувале своите обврски. Сепак оваа слика на ул. „Ристо Крле не е пријатна и со право најповикани институции се МЈП „Проаква“ и градоначалникот на општината.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top