Охрид сеуште нема локација за депонирање мртви животни

Охрид сеуште нема локација за депонирање мртви животни.

 |  Валентина Неловска  | 

Пцовисани мрши се фрлаат покрај патот во Чекоштина.  Јамата која некогаш постоеше над селото Орман  за депонурање на пцовисани животни е неколку години затрупана, а од Главниот општински инспекторат незнаат дали градот има легална јама за пцовисани животни. 

Жителите од околните села кои ТВМ ги контактираше велат дека мртвите животни ги фрлаат в планина или на Мауцкер. Претставник од месната зедница  од Горно Лакочереј пак во телефонски разговор за  Твм кажа дека до сега на нивна адреса нема ниедна пријава од жителите , па така не се ни обраќале за помош до надлежните институции да се реши овој проблем.
Од село Орман пак имаат поинаков став.Тие кажуваат дека повеќе од 10 години бараат решавање на овој проблем. Апелирале локалната да најде соодветна локација за пцовисани животни, а не да се депонираат во јамата која сега е затрупана и е во близина на резервоарите за вода.

„Се наоѓаме на местото  каде што се наоѓаше јамата. Изградена на несодветно место. Во повеќе наврати реагиравме  до локалната самоуправа и пред 13 години  ја затрупавме. Таа јама не функционира. За охридскиот регион е пожелна таква локација , но на соодветно место подалеку од населено место , да не е покрај речните текови. Но тој проблем не е решен и се надеваме и очекуваме во догледен период тој проблем би требало да се реши,“кажува жителот од село Орман Ванчо Стојаноски.   

Стојаноски напоменува  дека многу странци, посебно холанѓани,  кои се сместени во приватните сместувачки капацитети во Чекоштина шетаат низ шумата и се сведоци на непријатни глетки од расфрлани мрши покрај патот, но и од најразличен вид шут и ѓубре.
Агенцијата за храна и ветерина  од Скопје неодмана со писмен допис побарала од сите локални самоуправи па и од охридската да одредат локации  за таа намена , но повратен одговор до Агенцијата нема.
Oд локалната самоуправа побаравме одговор која  локација  Секоторот  за урбанизам ќе ја посочи кaко најсоодвeтна за оваа намена. Од таму кратко не информираа дека сеуште трагаат по соодветната локација.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top