Паркингот наспроти Центарот за обука на вода повторно бесплатен

Граѓаните реагираат на условите на паркинг просторот наспроти Центарот за обука на вода во непосредна близина на мостот кај каналот “Студенчишта“ со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“.

 |   | 

Граѓаните реагираат на условите на паркинг просторот наспроти Центарот за обука на вода во непосредна близина на мостот кај каналот “Студенчишта“ со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“. Тие велат дека немаат проблем со тоа да платат за користењето на истиот доколку ги задоволува стандардите. Последниот обилен дожд само ја влоши состојбата на овој паркинг претворајќи го во езерце.

Во периодот меѓу двете туристички сезони, просторот беше тампониран, беше фрлен чакал и обележан од страната на пешачката патека. Откако временските прилики, создадоа проблеми од јавното претпријатие најавуваат нови активности за негово оспособување.

Од ЈП велат дека од саботота несе наплаќа користењто на паркингот, а дека со ново тампонирање, поставување шљунак како и одстранување на водата, ќе пристапат откако ќе дозовлат временските прилики.

Минатото лето паркирањето на овој простор беше бесплатно. Ставот од ЈП „Биљанини извори“ беше дека овој паркинг треба дополнително да се уреди, дека потребно е да се фрли чакал и истиот соодветно да се обележи, односно дека паркингот треба да се направи по сите стандарди.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top