103 години од започнувањето на Охридското востание

Post Views: 0 Охридското востание претставува настан кој го откриваат историчари од поновата генерација. Денес се одбележуваат сто и три години од започнувањето на Охридското востание. Станува збор за настан кој ги поврзува и македонците и албанците на овие простори коки во 1913-та година биле под српска окупација.Како една од најзначајните причини за кревање на Охридското востание е разочараноста од Букурешкиот договор 1913 година, со кој Македонија е територијално поделена од нејзините соседи, објаснува Никола Митровиќ историчар и архивист. „Централниот комитет на ВМРО и Албанскиот...

Continue reading

Internet Explorer конечно доби наследник

Post Views: 1 Microsoft уште пред неколку месеци откри дека работи на нов интернет пребарувач, замена за Internet Explorer, а сега конечно е откриено и неговото име. Имено, новиот интернет пребарувач беше познат како проект Spartan, но неговото име ќе биде всушност Microsoft Edge.Microsoft Edge светлото на денот ќе го види заедно со оперативниот систем Windows 10, а името за кое Microsoft се одлучи воопшто не изненадува бидејќи и името на новиот покренувач на овој пребарувач е EdgeHTML.Иако е одлучено Microsoft Edge да го замени Internet Explorer, стариот пребарувач и понатаму ќе...

Continue reading

Учениците и професорите од охридските училишта да бидат ориентирани кон успехот

Post Views: 0 Поттик за учениците и професорите од Охридските училишта да бидат ориентирани кон успехот. Денес Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески оствари средба и со наградените ученички на меѓународни натпревари по математика. „Тоа е еден фундамент и есенција на градење на основите и темелите на едно здраво општество како што е Општина Охрид, без кои неможе да се гледа прогресот на едно општество“ рече Градоначалникот Бакрачески. Бакрачески потенцира дека, ЛС веќе неколку години прави напори да ги поддржи ваквите ученици со неколку мерки и секако низ една координирана активност...

Continue reading

Директорите на охридските училишта со отчет пред градоначалникот

Post Views: 0 Координативна средба на градоначалникот со директорите на основните и средните училишта од градов. Целта е Бакрачески и Локалната самоуправа да се запознаатсо активностите кои менаџерските тимови на училиштата ги спроведоа за време на подготвителниот период, како и за понатамоштните тековни активности. „Сите училишта подготвени ја започнавуаат новата учебна година основните потреби на училиштата се обезбедени и адекватно планирање, снабдување со огревно дрво и нафта и регулирање на транспортот на учениците кои се законска обрвска на училиштата“ информира градоначалникот. Речиси...

Continue reading

mobilni

Во земјава има повеќе од два милиони активни мобилни телефони

Post Views: 5 Во Македонија минатата година имало 2.235.460 активни корисници на мобилни телефони, што е зголемување за еден процент во однос на 2011 година, покажува Годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации. Според извештајот, лани е регистриран пад во фиксната телефонија за 3,25 проценти. Во овој сегмент вкупниот број корисници бил 408.318. Бројот на корисници на широкопојасен интернет, не вклучувајќи ги оние на мобилниот интернет,  бил 312.272, што е пораст од 10,59 отсто во споредба со 2011 година. Од нив 156.722 користеле Х-ДСЛ, 106.927 кабелски интернет, оптички...

Continue reading

Изградбата на спортската сала за учениците од Кочо Рацин се одолговлекува

Post Views: 0 Околу 380 ученици од ОУ Кочо Рацин со нетрпение ја очекуваат изградбата на училишната спортска сала. Учениците така ќе може да изведуваат редовна настава и во зимски услови, а не во училниците. Иако, од Министерството за образование и наука најавуваа дека темелите на салата ќе бидат удрени во декември мината година тоа не се случи нити на почетокот од оваа школска година. Од Локалната  самоуправа признаваат дека процедурата траела подолго, а како главна причина ја наведуваат правната процедура  за разарешување на имотно-правните односи за дел од парцелата каде што треба...

Continue reading

zena

„Жената-најфина творба на природата“

Post Views: 15 Жената е најдобра инспирација за уметноста. Во Струга деновиве отпочна вториот циклус на Интернационалниот ликовен карван „Сета таа убавина. После првиот, насловен како „Сета таа музика“, Тихомир Кондев познатиот колекционер на современата македонска ликовна уметност, не запира. Тој вели дека карванот му го продолжува животот и точно поради тоа не се откажува од патувањата со уметничките дела. Годинава во Центарот на културата „Браќа Миладинови“, во изложбениот салон се најдоа скулптури, слики, графики на тема „Жената-најфина творба на природата“. Кондев вели дека...

Continue reading

Пензионерите до крајот на овој месец треба да ги добијат дрвата

Post Views: 0   Дел од пензионерите кои се снабдуваат со огревно дрво преку Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца стравуваат оваа зима да не останат без дрва. Велат дека минатата година поради недостиг на огревно дрво не им стигнале нарачките па биле принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Од здружението смируваат дека тоа нема да се случи оваа година бидејќи дрва има доволно за сите. Додаваат дека најголемиот дел од пензионерите кои купуваат дрва преку Здружението на пензионери веќе се снабдени. До крајов на месецов треба сите да го добијат огревното дрво, но доколку ги...

Continue reading

ВМРО ДПМНЕ : Георгиески вработува пожарникари, а укина средства за униформи и обувки

Post Views: 0 Георгиески лицемерно пред избори глуми загриженост за Територијалната противпожарна единица во Охрид затоа што ниту се грижи за подобрување на условите за работа на пожарникарите, ниту за набавка на дополнителна опрема и возила. Додека Георгиески вработува 6 нови пожарникари без срам целосно ги скрати 1.700.000 денари за униформи, интервенциско противпожарно одело и заштитно одело за шумски пожари и интервенции и ги намали средствата за обувки. Георгиески да им каже на пожарникарите зошто оваа година нема да добијат К-15? – јавно праша портпаролот Божиновски. Новите...

Continue reading

Охридското одделение на државниот пазарен инспекторат за јули и август извршил 350 контроли

Post Views: 0   Одделението на државниот пазарен инспекторат во месеците јули и август извршил вкупно 350 надзори на подрачјето на општина Охрид. Како што за ТВМ открива раководителот на оддлението Ѓорги Бошалески, констатирани биле 24 прекршоци, поднесле 16 барања за суд и 2 до прекршочната комисија. Биле одземени производи во вредност од 25 300 денари од непознатилица како и 2150 денари од познати лица кои продавале текстил во движење. Исто така државниот инспекторат изрекол глоби  во износ 25 000 евра и мандатни казни 500 евра согласно според законите за трговија, угостителска...

Continue reading

Дали Охридско-струшкиот регион е подложен на феноменот водена бомба

Post Views: 1 Охридско-струшкиот регион според својата географска поставеност не е подложен на појава на феноменот водена бомба. Но за да има поточни податоци околу тоа, треба да се направат детални истражувања во кои ќе бидат опфатени сите фактори кои придонесуваат за да дојде до овој природен феномен кој се случи пред еден месец во околината на Скопје, кога настанаа големите поплави кои завршија со жртви. Стив Мек Нолти, професор од САД и претставник на Американските шумски служби кој веќе триесет години се занимава со научно истражувачка работа во оваа област, вели дека природните...

Continue reading

Охридските пензионери и понатаму освојуваат медаљи

Post Views: 4 Охридските пензионери најдобри тркачи. Тие на 21виот републички спортски натпревар на пензионери во Македонија одржан на 3ти септември во Радовиш освоија две први места во трчање и едно во екипна конкуренција, женската екипа во стрелаштво, а охриѓанката Снежана Милошеска по втор пат досега е прогласена за најдобар стрелец. Сите овие резултати се постигнати со голем труд и ентузијазам на луѓето од третата доба. Благица Маркулеска која освои прво место во трчање вели дека тоа што е пензионер не ја спречило да се занимава со оваа дисциплина која ја сака уште од дете. Јас...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top