Директорите на охридските училишта со отчет пред градоначалникот

Директорите на основните и средните училишта од градов денес му дадоја отчет за стартот на учебната година на градоначалникот Никола Бакрачески.

 |   | 

Координативна средба на градоначалникот со директорите на основните и средните училишта од градов. Целта е Бакрачески и Локалната самоуправа да се запознаатсо активностите кои менаџерските тимови на училиштата ги спроведоа за време на подготвителниот период, како и за понатамоштните тековни активности.

„Сите училишта подготвени ја започнавуаат новата учебна година основните потреби на училиштата се обезбедени и адекватно планирање, снабдување со огревно дрво и нафта и регулирање на транспортот на учениците кои се законска обрвска на училиштата“ информира градоначалникот.

Речиси во сите училишта е извршено варосување, санација на подови на неколку училници во одреден број училишта, спроведена е санација на осветлувањето во поголем број од училишните дворови, а се спроведуваат и поголеми зафати, изградба на детски игралишта, и замената на покривот во ОУ „Григор Прличев“ која треба деновиве да биде завршена. Градоначалникот Бакрачески потенцира дека на денешниот состанок, тој ја истакнал неговата заложба, наставниот процес во училиштата да не биде одвоен од воспитниот процес.

„Тоа беше една наша препорака до директорите на училиштата во Охрид дека воспитниот процес не може да трпи и да изостанува, туку треба да се спроведува со наставниот процес бидејжи за градење на едно здраво општествено ткиво и двата процеси коишто се основна дејност на училиштата мора да бидат внимателно и одговорно спорведувани“ потенцира Бакрачески.

Бакрачески потенцира дека е задоволен од досега спроведените активности и се надева дека ваквиот тренд ќе продолжи и во тековниот период. За поздравување е информацијата дека ОУ „Св. Климент Охридски“ и подрачното училиште во село Рача, годинава можат да се пофалат со зголемување на бројот на запишани првачиња.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top