Учениците и професорите од охридските училишта да бидат ориентирани кон успехот

Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари средба и со наградените ученички на меѓународни натпревари по математика.

 |   | 

Поттик за учениците и професорите од Охридските училишта да бидат ориентирани кон успехот. Денес Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески оствари средба и со наградените ученички на меѓународни натпревари по математика.

„Тоа е еден фундамент и есенција на градење на основите и темелите на едно здраво општество како што е Општина Охрид, без кои неможе да се гледа прогресот на едно општество“ рече Градоначалникот Бакрачески.

Бакрачески потенцира дека, ЛС веќе неколку години прави напори да ги поддржи ваквите ученици со неколку мерки и секако низ една координирана активност меѓу ЛС, менаџментот на училиштата, менторите и родителите на децата да се оствари стремеж за квалитетен процес на настава.

„Имам освоено златен медал на македонската математичка олимпијада, освоив бронзен медал на Балканската олимпијада по математика и тоа беше големо искуство за мене“ објаснува Ангела Трпческа – ОУ „Григор Прличев“ .

Кристина Митреска ученичка ОУ „Христо Узунов“, која годинава исто така освои златен медал на Државната Јуниорска математичка Олимпијада и беше една од најмладите учеснички на Балканската математичка олимпијада, задоволна од своите поистигнувања.

„Ова за мене беше големо искуство во текот на месец јуни решавав многу задачи и се надевам дека оваа учебна година ќе остварам уште поголеми успеси“ задоволна е Кристина.

Софија Димоска, матурантката од „Јахја Кемал“Колеџот од Струга, која успеа да се запише на ImPerial Collegue во Лондон да изучува електроинжинерство, зборуваше за нејзините успеси и по физика и по филозофија.

„Овие искуства ми помогнаа да ја проширам мојата перспектива и поглед кон светот, да ги зголемам моите интереси, а исто така беше нешто што беше ценето од страна на универзитетитe“ вели Софија.

Градоначалникот Бакрачески презадоволен од фактот што во овие неколку години, веќе две ученички од нашиов град, успеаја да се запишат два од десетте најпрестижни универзитети од светот, според Шангајската листа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top