Кениецот Абел Кибелт Роб го сруши рекордот на јубилејниот 30ти Охридски атлетски маратон

Post Views: 8 Јубилејното 3 децениско издание на Охридскиот атлетски маратон се одржа и покрај сите  финансиски потешкотии со кои се соочуваше при  организацијата. И додека интересот на атлетичарите за учество на еден од најстарите мартони во Европа  станува се поголем, од друга страна пак  интересот на домашните институции за негова финасиска поддршка е се помал. Манифестацијата која традиционално се одржува на Денот на независноста  се оддржа и покрај врнежливото време. Во текот на трката која стартуваше од Св. Наум не се откажа  ниту еден учесник а се рушеа и рекорди , информираше...

Continue reading

Привршуваат работите за ентериерно уредување на Куќата на Робевци

Post Views: 11 Привршуваат работите за ентериерно уредување на Куќата на Робевци. Овие зафати кои започнаа уште пролетта се во рамките на проектот кој е дел од програмата на Владата за обнова на поставките во музеите низ Република Македонија, а за чија реализација од буџетот на Министерството за култура се издвоени три милиони денари. Ентериерното уредување е при крај останува уште да се набават потребните витрини и  до крајот на годината треба се да е завршено. Овој музејски простор треба да се отвори со нови поставки кои ќе бидат многу интересни за посетителите и тоа не само за...

Continue reading

Украинец со американско потекло стана најбогат Британец

Post Views: 1 Сопственикот на Warner Muzic, Len Blavatnik, е најбогат човек во Британија за 2015 година, со имот кој се проценува на преку 13 милијарди фунти, пишува Sunday Times. Blavatnik роден во Одеса – Украина, по националност Американец, а по место на живеење Британец, го превзеде првото место од браќата Hindu, чие богатство вреди 13 милијарди фунти. Blavatnik, чии инвестиции се движат од индустријата на метали и нафта до музичка продукција и дигитални медиуми, поседува куќа во Лондон вредна 41 милион фунти, а на Универзитетот во Оксфорд му подарил 75 милиони фунти за да основаат...

Continue reading

Бела ноќ за Денот на независноста во охридската библиотека Григор Прличев

Post Views: 12 8- ми Септември, Денот на независноста на Македонија го одбележа и охридската библиотека Григор Прличев. Во три категории беа  изложени  стари и уникатни книги  кои датираат од 1880 до 1944 година. Книгите биле грижливо чувани во минатото, а таков е односот на вработените и денес.   Беа доделени и благодарници до дел од охриѓани кои дарувале книги. Директорката на библиотеката Александра Белеска напоменува дека  книги подаруваат и голем број институции, амбасади, писатели и поединици. „Поединци подаруваат многу често книги.Минатата недела една жена подари два нови наслови...

Continue reading

25 години независна Македонија

Post Views: 0 Во Македонија денеска се одбележуваат 25 години од референдумот одржан на 8 септември 1991 години на кој над 95 насто од граѓнаите се изјаснија за независност на земјата од поранешна Југославија. Волјата на народот за самостојна и суверена држава беше потврдена на 25 септември 1991 година, кога беше усвоена Декларација за независност во првиот повеќепартиски македонски парламент. На 17 ноември истата година беше донесен и новиот Устав на Република Македонија. Во синоќешното обраќање на свечената академија по повод 8 Септември, претседателот на Македонија Ѓорге Иванов...

Continue reading

milioner

И Македонија има мултимилионери

Post Views: 9 Извештајот на „Ворлд ултра велт репорт“ (ВУВР) по бројот на богаташи ја става Македонија на 42. место во Европа, а од регионов највисоко котира Хрватска, со вкупно 260 мултимилионери. Македонија има вкупно 35 мултимилионери, чие богатство изнесува вкупно четири милијарди долари, покажува последната анализа на „Ворлд ултра велт репорт“ (ВУВР). Со ова богатство на мултимилионерите, Македонија е на 42. место во Европа, веднаш пред Црна Гора, која има 21 мултимилионер со богатство од две милијарди долари. Според податоците од ВУВР, нема промена во богатството на македонските...

Continue reading

Д-р Сашо Џероски во самиот врв на научната јавност

Post Views: 7 Охриѓанецот Д-р Сашо Џероски, кој години е дел од Научниот институт “Јоже Штефан” од Љубљана, од летово е член на Европската Академија на Науки, а пред една година стана член и на МАНУ. Џероски моментално е во Oхрид, каде раководи со Летната школа за анализа на комплексни збирки на податоци, дел од европскиот проект МАЕСТРА. За наговиот прием во МАНУ и Европската Академија на Науките ќе рече дека станува збор за огромно признание за неговата работа, како и признание на работата на неговата екипа. „Приемот на МАНУ ми е посебно важен бидејќи сум македонец роден...

Continue reading

dzamija

Рамазан Бајрам, месец на добрина, милост, љубов и простување

Post Views: 18 Светиот месец Рамазан е муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга, Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли и дела вели охридскиот муфтија Африм Џелали од муфтиството на Али Пашината џамија. Муфтијата Џелили ја објаснува смислата на постот кој почнува со изгрејсонце...

Continue reading

Дали ќе згасне охридскиот атлетски маратон

Post Views: 5 Утре ќе се одржи 30тото, јубилејно издание на меѓународниот атлетски маратон. Ќе се трча 30 километарската патека од Св. Наум до Охрид во чест на 8ми септември Денот на Републиката. Но, оваа спортска манифестација која е една од најстарите во градов може да згасне поради немање финансиски средства. Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012 кој е организатор на настанот уште на 15.08 доставило барање до Општина Охрид за таа да застане зад оваа спортска манифестација и финансиски да ја подржи бидејќи општината е генерален покровител на Маратонот, но од општината молк. Сеуште...

Continue reading

Септември ги оживува училиштата, но ни ги празни џебовите

Post Views: 0 Септември ги оживува училиштата, но ни ги празни џебовите. Зимница, дрва, подготовка на ученици и студенти се само дел од трошоците во месец септември. Покрај редовните месечни сметки, овие давачки дополнително го оптоваруваат семејниот буџет. Добрите познавачи на економијата велат дека речиси секое семејство е соочено со економски шок за обезбедување парични средства, посебно во најдолгиот и најскапиот месец во годината. Славица Костоска за ТВМ вели дека добар економист е оној кој што добро знае да менаџира со трошоците. „Според основните економски закони, би требало...

Continue reading

За лицата со попреченост ќе има приоди на улиците на кои во тек е реконструкција

Post Views: 2 Охриѓани заинтересирани дали лицата со инвалидитет ќе може да се движат без потешкотии на трите градски улици на кои се изведува реконструкција. Прашуваат дали на улиците 15ти Корпус, Абас Емин и Јане Сандански ќе има непречен пристап за лицата со инвалидитет. Општина Охрид внимава на почитување на законските прописи. Нема место за импровизации во проектите за подобрување на патната инфраструктура бидејќи градежните зафати  се изведуваат според највисоките стандарди, вели Томе Џамтоски, општинскиот портпарол.    Тоа подразбира непречено одвивање на сообраќајот за моторни...

Continue reading

Охридскиот театар со редовен репертоaр започнува од средината на месецов

Post Views: 8 На 17 септември започнува со работа и со редовен репертоар охридскиот театар. Актерите ветуваат нова возбудлива театарска сезона со  две премиери од кои едната е за деца. Деновиве стартуваат со подговтвките, а според очекувањата ќе бидат прикажани на почетoкот и на крајот од октомври. Најмладите, пак  ќе имаат можност да видат претстава со исклучителен текст и порака, детската претстава Малиот принц во режија на Ѓорѓи Ризевски, кажува Горан Стојаноски  директорот на НУ Центар за култура Григор Прличев. Веднаш следуваат и подготовките за претставата Дениција во која ќе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top