Бела ноќ за Денот на независноста во охридската библиотека Григор Прличев

Бела ноќ за Денот на независноста во охридската библиотека Григор Прличев.

 |  Валентина Неловска  | 

8- ми Септември, Денот на независноста на Македонија го одбележа и охридската библиотека Григор Прличев. Во три категории беа  изложени  стари и уникатни книги  кои датираат од 1880 до 1944 година. Книгите биле грижливо чувани во минатото, а таков е односот на вработените и денес.   Беа доделени и благодарници до дел од охриѓани кои дарувале книги. Директорката на библиотеката Александра Белеска напоменува дека  книги подаруваат и голем број институции, амбасади, писатели и поединици.

„Поединци подаруваат многу често книги.Минатата недела една жена подари два нови наслови ги прочитала и имала желаб да се чуваат тие книги во библиотеката“,  подвлекува Белеска.  
Поединците кои подаруваат книги имаат свои причини зошто се одделуваат од книгите и  одлучуваат да подаруваат.

„ Посебно ми е драго да подарувам и сакам да ги потикнеме другите граѓани да ги подаруваат на библиотеката за да ја збогатиме нашата охридска библиотека со книги“, вели охриѓанецот Наум Василев.

Професорот по македонски јазик и книжевност , д-р Драги Поп Стефанија, вели дека во својота професионална кариера 7 пати формирал библиотеки преселувајќи се како професор во неколку странски држави на катедрите по македонистика. Дарувал разни скапи и раритетни книги, граматики и речници од скоро сите јазици, енциклопедии, а има намера уште голем број наслови да  подари“, кажуава Д-р Поп Стефанија.

„Кога се вратив во Охрид останаа уште 8000 книги. Добра половина дадов тука, а другата половина остана  и сакам да ги подарам во Музејот на старо словенската писменост кога ќе се направи“ напоменува д-р Поп Стефанија.
Историчарот  професор,  д-р Павле  Митрески  во изминатите години подарувал негови авторски дела, но и други наслови .Околу 4000 книги подарил на библиотеката во  Завод и Музеј . Има намера да подари уште 1000 книги на Библиотеката Григор Прличев. Професорот д-р  Митрески  дава и една идеја до вработените на библиотеката.
 
„Би требало да се направи попис на приватните  библиотеки кај интелектуалците во градовите и селата, верувајте  ќе се најдат многу книги“, посочува проф.  д-р Митрески.  
Покрај , изложбата на стари книги  и доделувањето на благодарници , беше органзирано и поетско читање од членовите од литературниот клуб Григор Прличев.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top