• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Кениецот Абел Кибелт Роб го сруши рекордот на јубилејниот 30ти Охридски атлетски маратон

Кениецот Абел Кибелт Роб го сруши рекордот на јубилејниот 30ти Охридски атлетски маратон

Кениецот Абел Кибелт Роб го сруши рекордот на јубилејниот 30ти Охридски атлетски маратон.

 |  Валентина Неловска  | 

Јубилејното 3 децениско издание на Охридскиот атлетски маратон се одржа и покрај сите  финансиски потешкотии со кои се соочуваше при  организацијата. И додека интересот на атлетичарите за учество на еден од најстарите мартони во Европа  станува се поголем, од друга страна пак  интересот на домашните институции за негова финасиска поддршка е се помал. Манифестацијата која традиционално се одржува на Денот на независноста  се оддржа и покрај врнежливото време. Во текот на трката која стартуваше од Св. Наум не се откажа  ниту еден учесник а се рушеа и рекорди , информираше претседателот на Охридскиот атлетски маратон  Пецо Неданов.


„Соборен е рекорд стар 23 години на Охридскиот атлетски маратон. Новиот рекорд е 1:34:58 во машка конкуренција. Има и најголемо учество од 97 ученици. Досега  имало пријавени и по 119 , но најмногу  старувале  96 атлетичари, па е соборен и е рекордот во бројот на учесници“, кажува Неданов.

Прв на целта стигна кениецот Абел Кибелт Роб. Рече трката била тешка , но Роб е среќен од  постигнатиот резулатат.

„Мината година бев тука на оваа трка. Се обидов да го срушам рекордот но не успеав, а годинава дадов се од себа и успеав“, вели Роб.

На врвот од пласманот на трката, покрај двајцата Кенијци, и трето пласираниот унгарец Наѓи , четврт беше македонецот Игор Јакимоски. Од женските атлетичарки прва на целта стигна кенијката Рут Чемисто Матебо со вре од 2:06:08, а охриѓанката Јована Целеска стигна меѓу првите домашни женски атлетичарки. На трката учествуваа  дури 20 охриѓани, а покрај нив имаше и атлетичари од Кенија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top