И Македонија има мултимилионери

Извештајот на „Ворлд ултра велт репорт“ (ВУВР) по бројот на богаташи ја става Македонија на 42. место во Европа, а од регионов највисоко котира Хрватска, со вкупно 260 мултимилионери.

milioner
милионер

Извештајот на „Ворлд ултра велт репорт“ (ВУВР) по бројот на богаташи ја става Македонија на 42. место во Европа, а од регионов највисоко котира Хрватска, со вкупно 260 мултимилионери.

multimilioneriМакедонија има вкупно 35 мултимилионери, чие богатство изнесува вкупно четири милијарди долари, покажува последната анализа на „Ворлд ултра велт репорт“ (ВУВР). Со ова богатство на мултимилионерите, Македонија е на 42. место во Европа, веднаш пред Црна Гора, која има 21 мултимилионер со богатство од две милијарди долари.

Според податоците од ВУВР, нема промена во богатството на македонските мултимилионери во споредба со минатата година, иако во истиот период е регистрирано намалување на бројот на населението за 0,4 отсто и намалување на вкупното богатсво за 6,5 отсто.

Според критериумот на ВУВР во категоријата мултимилионер да се вбројува тој чие богатство се проценува на над 30 милиони долари, во регионот лидер е Хрватска, која е на 23. место во Европа и има 260 мултимилионери со вкупно 30 милијарди долари.

Србија е на 29. место, со 90 мултимилионери и 11 милијарди долари, но има значителен пад во споредба со лани. Минатата година, според процените на ВУВР, Србија имала 120 мултимилионери со 15 милијарди долари.
Босна и Херцеговина е веднаш зад Србија, со своите 85 мултимилионери, чие богатство изнесува девет милијарди долари и таа е една од ретките држави во Европа во која има повеќе „богаташи“ отколку лани, кога се изброени 65 мултимилионери, со осум милијарди долари.

Словенија, иако членка на ЕУ, на листата е на 34. место, со 70 мултимилионери, пет помалку отколку лани и со вкупно богатство од осум милијарди долари, една милијарда помалку отколку лани.

Албанија и лани и годинава има 50 мултимилионери, со седум милијарди долари, а Бугарија е на 40, место со 45 мултимилионери, кои имаат вкупно пет милиони долари.

Последнава година во Европа се регистрирани 53.441 мултимилионери, чие богатство изнесува седум трилиони долари, а најмногу од нив живеат во Германија, 15.770 и имаат 2.050 милјарди долари. Следуваат Велика Британија, Швајцарија и Франција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top