Дали ќе згасне охридскиот атлетски маратон

И оваа година одржувањето на меѓународниот атлетски маратон на мускули. Организаторите и после еден месец од поднесеното барање до Локланата во иднина да застане зад оваа спортска манифестација, сеуште немаат одговор. Се надеваат дека општината сепак ќе има слух и дека оваа најстара спортска манифестација во градов нема да згасне. Од Локалната велат дека има простор да се издвојат повеќе средства за одржување на маратонот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Утре ќе се одржи 30тото, јубилејно издание на меѓународниот атлетски маратон. Ќе се трча 30 километарската патека од Св. Наум до Охрид во чест на 8ми септември Денот на Републиката. Но, оваа спортска манифестација која е една од најстарите во градов може да згасне поради немање финансиски средства. Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012 кој е организатор на настанот уште на 15.08 доставило барање до Општина Охрид за таа да застане зад оваа спортска манифестација и финансиски да ја подржи бидејќи општината е генерален покровител на Маратонот, но од општината молк.

Сеуште немаме за жал добиено одговор, а ние сакавме да имаме информација пред одржувањето на маратонот за да можиме да ги информираме маратонците дали маратон ќе има и наредната година или ќе згасне. Ние веќе објавивме дека нема да се одржува, но сеуште се надеваме дека општината ќе има слух и ќе ни помогне да се одржи традицијата стара 30 год., вели Пецо Неданов-претседател на организациониот одбор маратонот.

Потребни се минимум 10 000 евра за да се одржи навистина квалитетен маратон на кој ќе учествуваат врвни светски имиња во маратонското трчање. Организаторите велат дека од општината бараат барем педесет посто од потребните средства да ги покрие таа. Сега маратонот опстојува со средтвата кои им ги даваат спонзорите. Живко Стојчески секоја година финансиски ја подржува оваа спортска манифестација. Тој е еден од иницијаторите за негово одржување. Учествувал уште на првиот маратон и  е петократен победник. Секоја година  дури од Австралија доаѓа да биде дел од оваа спортска манифестација.

Поминаа доста години откога јас го подржувам овој маратон и драго ми е што уште опстојува и се надевам дека и во иднина ќе се одржува, но крајно време е веќе локлната да се погрижи за оваа спортска манифестација. Општината и сега го помага не викам дека не, но средствата што ги издвојува се многу многу мали, вели Стојчески.

Локалната  преку програмата за поддршка на спортски организации, невладини организации, спортски клубови и поединци кои со одреден проект конкурираа на јавниот конкурс кој таа го објави на Атлетскиот маратон му одобри 30 000 ден. Половина од средствата им беа исплатени во месец јуни а половина ќе им бидат префрлени по завршувањеето на маратонот. Портпаролот на локалната Томе Џамтоски вели дека толкави се можностите на општината земајќи ја во предвид нејзината финансиска состојба.

Секогаш постои можност да се зголемат средствата, но неможе да се очекува целата организација и финансиска конструкција да падне на локалната. Ние сме отворени за соработка и расположени да обезбедиме поголеми средства за одржување на атлетскиот маратон, вели Џамтоски.

Инаку на Атлетскиот маратон кој ќе се одржи утре пријавени се околу 100тина учесници. ПОвторно ќе се натпреварува минатогодишниот победник Абел Роп од Кенија,како и второпласираниот Тамаш Наги од Унгарија,а за прв пат ќе настапи и Вилсон Вамбугу Камау од Кенија. Има голема веројатност дека утре ќе биде срушен рекордот кој пред дваесет години го постигна Борислав Девиќ, а тоа 1:39:13 стотинки. Во женска конкуренција фаворит е победничката на Маратонот во Гданск Рут Чемисто Матебо од Кенија која за прв пат ќе настапи на нашиот маратон, а има најава дека ќе настапи и учесничката на олимписките игри од Црна Гора Слаѓана Перуновиќ.
Стартот на трката ќе биде од граничниот столб во Свети Наум во 10.00 часот, а првите маратонци на градскиот кеј се очекувва да пристигнат околу 11.30. За победниците следуваат парични награди.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top