Објавен тендерот за реконструкција на Кеј „Македонија“

Post Views: 0 Општина Охрид го објави тендерот за реконструкција и партерно уредување на Кејот „Македонија“ на брегот на Охридското езеро. Идејниот и основниот проект за модернизација на брегот на Охридското езеро беше изработен токму од страна на локалната самоуправа, и тоа по неуспешниот Конкурс за избор на идејно решение од 2015 година. Вредноста на овој проект е проценета на околу 1,2 милиони евра. Градежниот зафат треба да се реализира во период од 15 месеци, а рокот за доставување на понуди истекува на 12 октомври. Лицето на градот Охрид, местото каде уживаат гостите и охриѓани,...

Continue reading

Поради минирање, времен прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Post Views: 1 Сообраќајот на магистралниот пат Кичево – Охрид попладне ќе биде во привремен прекин. На патот ќе се изведуваат градежни активности – минирање. Авто мото сојузот на Македонија информира дека прекинот на сообраќајот ќе биде од 10 до 15 минути во периодот од 13 до 15 часот.

Continue reading

Генијалец кој ги богати и сиромашните фармери

Post Views: 10 Животната приказна на основачот на Alibaba се чини дека е идеално сценарио за некој филм од Холивуд – не бил добар за работа во полицијата, не бил примен на работа во еден ресторан иако бил единствен пријавен, а потоа одлучил да покрене свој сопствен бизнис за да преживее. Работењето на почетокот не одело лесно, а за еден негов проект (Alipay) луѓето му рекле дека е тоа најглупавата идеја за која некогаш слушнале, а сега тој “глупав проект” има околу 800 милиони корисници. Jack Ma денес е еден од најбогатите луѓе во светот кој е тежок околу 23 милијарди долари, додека...

Continue reading

Македонија нема донесено Закон за млади

Post Views: 0   Препознавање и признавање на младинската работа во Р. Македонија. Со цел подобро позиционирање на младите во општеството, дојде момент во нашата земја да се дебатира на тема за донесување на Закон за млади кој и тоа како е потребен посебно заради алармантната ситуација со одливот на млади, како и со невработеноста на младите. Релевантните институции имаат слух, вели Мери Нашоку од Младинскиот културен центар Битола. „Со оглед на тоа што имаме недостаток од политики за млади во Македонија, генерално не постои Закон за млади, но конкретно не постои и Закон за младинска...

Continue reading

Во Охрид се одбележа Меѓународниот ден на мирот

Post Views: 1 Светот е постојано соочен со закани за загрозување на човековата потреба од светски мир. Постојано доаѓаат вести за воени конфликти и насилство од разни делови на светот, а луѓето имаат потреба од мирен живот и просперитет. Заменикот градоначалник Ангел Јанев  на Меѓународниот ден на мирот,  пред присутните охриѓани и ученици на градскиот плоштад, се приклучи кон пораката на генералниот секретар на ОН Бан ки  Мун и упати порака до сите луѓе кои сакаат да направат нешто позитивно за идните генерации  да ја  почитуваат најскапоцената придобивка на едно општество, мирот....

Continue reading

pari

Се намалуваат заштедите на граѓаните во банките

Post Views: 2 Во мај годинава, според извештајот на Народната банка на Мекедонија (НБРМ), висината на штедните влогови на граѓаните се пониски за 16 милиони евра. Во мај годинава, според извештајот на Народната банка на Мекедонија (НБРМ), висината на штедните влогови на граѓаните достигнала 2, 915 милијарди евра, што во однос на април е намалување за околу 2 милиони евра, а во однос на крајот на минатата година се пониски за 16 милиони евра. Централната банка меѓутоа констатира пораст на вкупните депозити во мај годинава. Тие достигнале износ од 3,948 милијарди евра што е зголемување...

Continue reading

Седумдесет години борба за светлина

Post Views: 8 Седумдесет години борба за светлина. Националниот Сојуз на слепи на Мекдонија одбележува голем јубилеј, 70 години од своето основање и активна работа. Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е формиран во далечната 1946 година под називот Сојуз на слепите на Република Македонија и оттогаш до денес дејствува како национална, невладина, непартиска, непрофитна и хуманитарна организација од посебно општествено значење во Републиката. Основна мисија на Сојузот е создавање на подобри услови за живот и работа на слепите лица ширум републиката, нивните здруженија...

Continue reading

policija

Самоубиство во струшко Франгово

Post Views: 5 Љубовна врска со трагичен крај. Вчера некаде околу 14 часот и 30 минути животот си го одзеде Арјианита Башкими (1996) од струшкото село Франгово. Немилиот настан се случил во нејзината соба на горниот кат од куќата и тоа со револверот на нејзиниот татко. Според првичните информации од страна на СВР, причина за самоубиството е забранета љубов. Истрелот од револверот кој нанесол прострелна рана во главата на девојката, го слушнале нејзините родители кои биле тука, по што веднаш ја префрлиле во струшката општа болцица, па потоа во Специјалната болница „Св. Еразмо“, каде...

Continue reading

Добивањето сместување во државните студентски домови доведено во прашање

Post Views: 2 Добивањето сместување во државните студентски домови доведено во прашање. Некои студенти тврдат дека за да добиеш соба во дом покрај потребната документација наведена во конкурсот треба да имаш и добри врски и соодветна партиска припадност. Од охридскиот студентски дом „Никола Карев“ тврдат дека кај нив немало ниту ќе има вакви случаи. Додаваат дека постапката за аплицирање за сместување во државните студентски домови е крајно транспарентна што нема речиси никакви можности за било каква злоупотреба. Право на пријава во државните студентски домови имаат редовни студенти...

Continue reading

РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОГРАМИ ОД СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ, СПОРТИСТИ, ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ

Post Views: 0 Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2022 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа  на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот, информираат од Локалната самоуправа. Спортот и неговата врска со образованието,...

Continue reading

Кривична за прилепчанка која продавала авионски билети

Post Views: 7 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ч. (29) од Прилеп. Пријавената, со намера да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување односно со прикривање факти, ги довела во заблуда лицата Д.Н. од Охрид и Л.А. од струшкото село Ложани, ветувајќи им евтини повратни авионски билети од САД до Република Македонија. Од нив, пријавената побарала и добила вкупно 779,000,оо денари по што на Д.Н. му обезбедила карти само во еден правец а Л.А. воопшто не добила авионски билети. Во текот на март...

Continue reading

Локализиран пожарот во селото Лешани

Post Views: 0 Благодарение на брзата интервенција на месното население и Територијалната противпожарна единица од Охрид, Шумското стопанство „Галичица“ и општинска механизација, локализиран пожарот кој вчера избувна во селото Лешани, општина Дебрца. Шумскиот пожар се доближи и до црквата „Св. Атанасиј“, а најголем проблем за негово санирање биле ветерот и сувата вегетација кои допринесле за побрзо ширење на огнот. „Уште еднаш апелираме за крајна внимателност, напиша на својот Фесјбук профил градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top