Самоубиство во струшко Франгово

16 годишната Аријанита.Б. вчера напладне си го одзеде животот. Оспорена долгогодишна љубовна врска од страна на нејзиното потесно семејство, причина за немилиот настан.

 |  Билјана Николоска  | 
policija
полиција

policijaЉубовна врска со трагичен крај. Вчера некаде околу 14 часот и 30 минути животот си го одзеде Арјианита Башкими (1996) од струшкото село Франгово. Немилиот настан се случил во нејзината соба на горниот кат од куќата и тоа со револверот на нејзиниот татко. Според првичните информации од страна на СВР, причина за самоубиството е забранета љубов. Истрелот од револверот кој нанесол прострелна рана во главата на девојката, го слушнале нејзините родители кои биле тука, по што веднаш ја префрлиле во струшката општа болцица, па потоа во Специјалната болница „Св. Еразмо“, каде Арјанита подлегнала на повредите.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top