Седумдесет години борба за светлина

Со голем јубилеен концерт на слепи музичари Националниот сојуз на слепи лица на Македонија во соработка со Здружението на слепи лица од Охрид, одбележува 70 години од своето основање и активна работа. Концертот ќе се одржи во центарот за култура „Григор Прличев“, а влезто е бесплатен.

 |   | 

Седумдесет години борба за светлина. Националниот Сојуз на слепи на Мекдонија одбележува голем јубилеј, 70 години од своето основање и активна работа. Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е формиран во далечната 1946 година под називот Сојуз на слепите на Република Македонија и оттогаш до денес дејствува како национална, невладина, непартиска, непрофитна и хуманитарна организација од посебно општествено значење во Републиката. Основна мисија на Сојузот е создавање на подобри услови за живот и работа на слепите лица ширум републиката, нивните здруженија и нивната подобра социјализација и интеграција во општествената заедница, објаснува Славчо Џајкоски, – претседател на Здружението на слепи лица од Охрид.

„Сакаме во текот на нивниот живот да ги вклопиме во општеството да постанат рамноправни граѓани, како и сите други, да се покажат на сите полиња, да придонесат за ова наше општество за нашата држава и нормално да можат самостојно да живеаат и делуваат во својот секојдневен живот“ објаснува Џајкоски.

Еден од централните настани со кои ќе се одбележи овој јубилеј е и големиот Меѓународен јубилеен концерт на слепи музичари кој оваа сабота ќе се одржи во Охрид. Концертот ќе се одржи на 24-ти септември, сабота во Дом на култура „Григор Прличев“, со почеток во 19: 30 часот, а публиката ќе има можност да ужива во изведбите на навистина врвни музичари од регионов.

„Ќе настапат музичари од балканските земји, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово и нормално ние како домаќини, нашите членови од Македонија. КУД „Биљана“ од Скопје и КУД „Караѓуле“ од Битола. Еден апел до сите наши сограѓани масовно да присуствуваат, влезот е слободен бидејќи важно е уметниците да имаат масовна публика, а нашите сограѓани ќе се увидат во можностите од слепите лица“ вели Џајкоски.

Централната прослава ќе биде на 15-ти октомври, по повод Светскиот ден на слепите лица и ќе се одржи во Скопје. Џајксоки вели дека за поздравување соработката помеѓу општинските организиации и со останатите невладини органзиации и здруженија. Финансиите остануваат горлив проблем во функционирањето на здруженијата, но Џајкоски се надева дека со интензивна соработка со државните институции на национално и локално ниво, истиот ќе биде надминат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top