Македонија нема донесено Закон за млади

Македонија сеуште нема донесено Закон за млади. Деновиве во хотел Климетица сите оние кои што се занимаваат со младинска работа, но и оние кои што се клучни за донесување на политиките поврзани со младите и младинската работа во РМ, разговараат за донесување на модел кој понатаму ќе претставува основа за развивање на ефективна политика за младинската работа во РМ.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Препознавање и признавање на младинската работа во Р. Македонија. Со цел подобро позиционирање на младите во општеството, дојде момент во нашата земја да се дебатира на тема за донесување на Закон за млади кој и тоа како е потребен посебно заради алармантната ситуација со одливот на млади, како и со невработеноста на младите. Релевантните институции имаат слух, вели Мери Нашоку од Младинскиот културен центар Битола.

„Со оглед на тоа што имаме недостаток од политики за млади во Македонија, генерално не постои Закон за млади, но конкретно не постои и Закон за младинска работа, ние се надоврзуваме на новодонесената стратегија за млади во РМ каде една од главните мерки во таа стратегија е локалната младинска работа и заедно во партнерство со Агенцијата за млади и спорт и останатите релевантни институции сакаме да постигнеме едно општо препознавање на важноста на младинската работа во Македонија и преземање на конкретни чекори за обезбедување на квалитет во испораката на младинската работа“ – изјави Нашоку.

Партнер на Младинскиот културен центар од Битола во реализација на проектот Обединети младински работници е Агенцијата за млади и спорт. Тие деновиве во Охрид одржуваат конференција на тема Модели на ефективни политика за младинска работа: размена на регионални и ЕУ практики и дијалог за развој на национален модел. Во таа насока потпишан бил мемодрандум за соработка вели Зорица Стаменковска од Агенцијата за младии спорт.

„Искуството покажа дека работите воопшто не се лесни кога станува збор за младинскиот сектор, во многу ситуации ако институциите и НВО ќе застанат на иста страна постои сериозно отсуство на волја или пак сериозен аранжман од страна на сите инволвирани страни за да се имплементираат активностите, но се надевам како институциите така и младинските организации научија од грешкиоте од минатото, така што мислам дека ова е еден проект кој што ќе овозможи една солидна основа за натамошно овозможување на креирање на една легислатива во однос на младинската работа, но и на градење на некаков систем за поддршка на младинските работници

Искуствата на земјите од регионот веќе бележат напредок на ова поле бидејќи кај нив веќе е усвоен Законот за млади.

„Оваа година во Црна Гора го усвоивме законот за млади, за прв пат усвојуваме еден таков закон и тој закон во еден негов член дефинира што претставува младинската работа и покрај тоа дава дефиниција кои се тие организации кои се сметаат за младински организаци или организации кои работат со младите, тоа за нас е еден главна стратешка рамка во понатамошната рамка за работа со младите“ – изјави Александра Глигоровиќ од црногорското младинско здружение.
„Кај нас постојат некои стандарди на квалитетот на програмата на младинското работење, како и програми преку кои нашите младински работници се обучуваат. Тоа 5 години континуирано го работиме и многу наши младински организации се заинтересирани за тие процеси и работат на тоа да го унапредат својот квалитет на работа и дополнително да се образоваат итн“ – вели Ивана Волф од Националната асоцијација на практичари од Србија.

На конференцијата учествуваат претставници од Министерството за образование, Одделението за соработка со граѓанскиот сектор при Генералниот секретаријат на Владата, Агенцијата за млади и спорт, Центарот за образование на возрасни, националната агенција за eвропски образовни програми и мобилност, како и голем број младински мрежи од Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top