Генијалец кој ги богати и сиромашните фармери

Животната приказна на основачот на Alibaba е идеално сценарио за Холивуд

 |  инфодеск  | 

Животната приказна на основачот на Alibaba се чини дека е идеално сценарио за некој филм од Холивуд – не бил добар за работа во полицијата, не бил примен на работа во еден ресторан иако бил единствен пријавен, а потоа одлучил да покрене свој сопствен бизнис за да преживее. Работењето на почетокот не одело лесно, а за еден негов проект (Alipay) луѓето му рекле дека е тоа најглупавата идеја за која некогаш слушнале, а сега тој “глупав проект” има околу 800 милиони корисници. Jack Ma денес е еден од најбогатите луѓе во светот кој е тежок околу 23 милијарди долари, додека вредноста на Alibaba е поголема од 200 милијарди долари, а тој и понатаму се обидува да пронајде иновативни начини за да го зголеми профитот на својата компанија, но и да помогне на жителите на руралните средини од Кина.

Jack Ma бара села во руралните делови на Кина во кои не постои интернет врска и гради инфраструктура потребна за местата да се поврзат со интернет и на тој начин жителите да покренат свој бизнис и да ги прошират своите компании кои се наоѓаат во тие места.

Имено,Ma потоа вработува две или три млади лица кои знаат да користат компјутер на кои тој лично им ги подарува и со тие компјутери сите жители на селата ќе можат да нарачуваат производи од интернет (секако, тој верува дека ќе нарачуваат од Alibaba), кој пак ќе бидат доставувани во селото. На овој начин Ma директно ги вработува овие лица, а жителите конечно ќе можат да дојдат до некои производи по поволни цени, но тоа ќе овозможи и на други жители да го прошират својот бизнис со тоа што ќе го користат истиот превоз кој на нив им ги доставува производите кој пак ќе се продаваат по пат на интернет и на страниците на Alibaba и Aliexpress.

Како еден од ваквите примери Bussines Insider го наведува кинескиот претприемач Huang Jianqiao кој почнал како сиромашен фармер, но со време почнал да изработува торби кои благодарение на Alibaba можел да ги дистрибуира на милиони луѓе ширум Кина. Тој не можел да замине во големите кинески метрополи во кои би бил одвоен од фамилијата, туку останал во своето место и денес заработува многу повеќе пари со помош на проектот на генијалецот Jack Ma.

Спрема зборовите на претседателот на Светската банка, Jim Kim, Jack Ma оваа стратегија, која  се покажала успешна во Кина, сака да ја прошири и на други земји во развој во Африка, Јужна Америка и Јужна Азија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top