Post Views: 0
Денес градоначалникот Никола Бакрачески пресече црвена лента во централниот објект на детската градинка Јасна Ристеска. Повод за тоа беше пуштање во употреба на реконструираните и реновирани простории од овој објект. Бакрачески истакна дека со реконструкцијата на дел од објектот добиле простории кои ги задоволуваат хигиено – епидемиолошките услови за работа.
„За таа цел заедно со Југозападниот плански регион дефиниравме како приоритет за оваа година да биде токму реконструкцијата на оваа градинка како дел од програмата на Југозападниот плански регион за изградба на...
Post Views: 5
Националната стратегија за еднаквост и недискриминација, на јавна дебата. После тоа следува нејзино усвојување од Владата на Р. Македонија. Елена Грозданова како координатор на работната група за изработка на Националната стратегија од Министерството за труд и социјална политика, рече дека јавните дебати се со цел транспарентно да се работи, како и тоа, да се постигне што повеќе да се вклучат граѓаните, НВО и локалните институции, во подготовка на вакви документи.Јавната дебата која што се одржа во хотел „Дрим“, Струга, во врска нацрт верзијата на Националната стратегија...
Post Views: 1
72 генерации растат во слободна Македонија и Охрид, благодарение на хероите од НОБ, благодарение на хероите од епската четиригодишна борба, истакна градоначалникот Никола Бакрачески на свеченоста по повод ослободувањето на Охрид. Бакрачески рече дека имињата на Јасна Ристеска, Вељан Најдовски, Момчило Јорданоски, Петре Секулоски, Јоне Дескоски и уште плејада млади партизани кои ги положија своите животи за слободен Охрид, се вечно врежани во колективната меморија на охриѓани, како едни од најголемите херои кои ги дал овој град во својата историја.
„Овој датум е посебен...
Post Views: 0
На 12/13.02.2022 година од 22 до 04 часот, при извршени сообраќајни акциски контроли, полициските службеници затекнале и санкционирале 07 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-04).
Во Дебар едно возило е исклучено од сообраќај поради измината важност на сообраќајната дозвола – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 1
Во охридско и Дебрца драстично е паднат бројот на сточари кои произведуваат млеко како суровина за преработувачката индустрија. Пред 20 години млекопреработувачката индустрија Лабрадор имала 90 кооперанти, а во моментов тој број е сведен на 35 производители на млеко, вели Славко Николоски од Лабрадор.
„Тоа е една од големите опасности која им прети на млекопрераработувачите како што е Лабрадор. Се помалиот број на кооперанти и лица кои се занимаваат со сточарство на територијата на општините Охрид и Дебрца. Во изминативе 2 децении бележи пад на лицата кои се занимаваат...
Post Views: 0
Охридските такси превозници одбиваат да ги возат граѓаните на релации низ градот. Во трката за поголема заработувачка прифаќаат да возат само кон плажите. Хаосот во такси превозот се повторува секоја летна сезона кога за охриѓани на пеколните горештини услугите од таксистите се недостапни. Не ретки се и случаите на наплата по двојно па дури и тројно повисока цена од вообичаената тарифа. Градските власти во Охрид велат дека не можат да стават крај на оваа појава.
Тоа прашање не е за нашите инспекциски служби. Немаме начин и методлогија да провериме дали на секој граѓанин...
Post Views: 7
Денес, Охрид го слави 7- ми Ноември, денот на ослободувањето. Пред 72 години, во партизанскиот напад врз германските војски, на 7 ноември 1944 година меѓу борците кои учествувале во нападот била и младата партизанка Јасна Ристеска. Јасна е родена во село Рамне во 1927 година, а загинала кај Чекоштина. За 17 годишната девојка, денес малкумина охриѓани знаат каде е точното место на нејзината погибија.
На трагичниот настан од Втората Светска војна, денес живо се сеќава Стојан Стојаноски, од село Орман, тогаш момче на 13 години. Стојаноски раскажува дека селаните...
Post Views: 6
Во ОУ Христо Узунов во текот на минатата недела од страна на Советот на родители при училиштето и наставниот кадар се одржа голема хуманитарна акција со Наслов „Од Нас За Нас“ во прибирање на облека, обувки и ученички прибор.
Од училиштето потенцираа дека значителен е бројот на ученици од ранливите категории на кои им е потребна помош, но голем е и бројот на родители кои помогнаа во спроведување на оваа акција заедно со наставниот кадар од училиштето.
Собрана е поголема количина на алишта, обувки, училишен прибор кои веке се делат на ученици на кои им е псе потребни.Од...
Post Views: 3
Американскиот претседател, Barack Obama, конечно се придружи на Twitter заедницата (@POTUS – President Of The United States) и за само пет часа собрал повеќе од еден милион пријатели на оваа социјална мрежа. Пред него најбрзо до еден милион на Twitter стигнал актерот Robert Downey на кого му требале скоро 24 часа бројката да надмине еден милион, а овој успех на американскиот претседател го потврдиле и на страницата на Guiness World Record.
Имено, Obama веќе има еден профил на Twitter (@BarackObama) кој е покренат во 2007 година, но за негово водење беше задолжена организацијата...
Post Views: 1
Викенд акција за вдомување на мали слатки миленичиња. Денес на градскиот плоштад во Охрид членовите на Анималија, здружението за заштита на животни, организираа акција за вдомување на мали кученца. Анастазија Димзовска која со нескриени страсти зборува за кученцата вели дека акцијата има за цел да им се обезбеди дом на што е можно повеќе кучиња, бидејќи доаѓа зима, а кученцата ќе бидат осудени на страдање, глад и смрт на улица.
„Многу кучиња ни се насобраа и едноставно не можеме да ги донахраниме со наши трошоци. Исто така овие малечки да се вдомат пред да пораснат,...
Post Views: 1
На просторот кај паркингот на градскиот пазар согласно урбанистичко планска документација предвидена е изградба на катна гаража. Донесувањето на одлуката за надоместок за експропријација на недвижност за изградба на катна гаража, кај дел од советниците побуди сомнеж. Советникот Кујтим Усеини укажа дека за истото место пред неколку години веќе се гласало.
„Ние лично, јас, со колегите од прошлиот состав гласавме за катна гаража, таа иста зграда што има дуќани, станови и деловни простории. Што сега ќе биде таа, ќе биде истата? И сега гласаме и ќе гласаме не е проблем,...
Post Views: 0
На 30 септември 1998 година, Македонската информативна агенција (МИА), започна со редовна продукција.
„Едно лице почина, 17 се повредени во земјотресот во Србија“ е насловот на првата вест што МИА ја емитуваше.
МИА е јавен информативен сервис, основан од Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година. Ангажира педесеттина новинари за вести и новинари-репортери во редакцијата и триесетина новинари-дописници од Македонија и од странство.Агенцијата дневно продуцира од 300 до 350 вести на македонски, англиски и албански јазик, но освен вестите продуцира и специјални...