Дискусија за нацрт верзијата на Националната стретегија за недискриминација

Денес во Струга, одговорните институции и носители на националната стратегија, водеа дискусија за текстот на првата нацрт верзија, во присуство на граѓанскиот сектор.

 |  Билјана Николоска  | 
diskusija
diskusija

Националната стратегија за еднаквост и недискриминација, на јавна дебата. После тоа следува нејзино усвојување од Владата на Р. Македонија. Елена Грозданова како координатор на работната група за изработка на Националната стратегија од Министерството за труд и социјална политика, рече дека јавните дебати се со цел транспарентно да се работи, како и тоа, да се постигне што повеќе да се вклучат граѓаните, НВО и локалните институции, во подготовка на вакви документи.
Јавната дебата која што се одржа во хотел „Дрим“, Струга, во врска нацрт верзијата на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација, разви голема дискусија. При тоа, Грозданова укажа дека посебно треба да се внимава од аспект на тоа што и самото прашање кое е поврзано со почитување на човековите права е многу осетливо.
diskusijaДискусиите на јавната дебата на нацрт верзијата на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација, беа по однос на правата и пристапот од областа на здравствената, социјалната заштита како и вработувањата. Претставниците кои дискутираа на овие теми, дадоа конкретни предлози, како евентуално треба овие т.н. детектирани кршења на човековите права да се стават во стратегијата со цел нивно понатамошно надминување. Општите целина Националната стратегија за еднаквост и недискриминација овозможуваат конкретни политики и приоритети во области од општественото делување преку: унапредување на правната рамка за еднакви можности и недискриминација, подигнување на јавната свест за препознавање на концептор на недискриминација и јакнење на свеста за препознавање на формите на дискриминација, зајакнување на капацитетите на институционални механизми за спречување и заштита од дискриминација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top