Преработувачите на млеко од oхридскиот регион стравуваат од млечна криза

Преработувачите на млеко од oхридскиот регион  стравуваат од млечна криза.

 |  Валентина Неловска  | 

Во охридско и Дебрца драстично е паднат бројот на сточари кои произведуваат млеко како суровина за преработувачката  индустрија. Пред 20 години  млекопреработувачката индустрија Лабрадор имала 90 кооперанти, а во моментов тој број е сведен на 35 производители на млеко, вели Славко Николоски од Лабрадор.

 „Тоа е една од големите опасности која им прети на млекопрераработувачите како што е Лабрадор. Се помалиот број на кооперанти и лица кои се занимаваат со сточарство на територијата на општините  Охрид и Дебрца. Во изминативе 2 децении бележи пад на лицата кои се занимаваат со сточарство  и уште една карактеристика што е се помал бројот на индивидуални семејства и поединци кои живеат од сточастрво и од производството на млеко“, напоменува Николоски.

Старосната структура на лицата кои се занимаваат со сточарство во моменов е исто така загрижувачка, сигнализира  Николоски за состојбите во сточарството на територијата на Охрид  и Дебрца. Се помалку има млади луѓе кои се занимаваат со ова стопанска гранка, вели тој. Предлага решение за во иднина да не дојде до поголема млечна криза во производството на млеко која пак негативно би се рефлетирала и врз домашната млечна преработувачка индустрија. Едно од можните решенија е стимулирање на помал број сточари кои сериозно би се занимавале на подолг временски рок  со сточарство, кажува Николоски.

„Тоа би значело надлежните органи во државата да се позанимаваат и стимулацијата да ја поделат на помал број прозиводители. Да се одберат во секое село по 1 до 2 лица кои се  сериозни, кои можат да се занимаваат со сточарство. Да им се овоможи набавка на високомлечни грла и перспектива тие заедно со млекооткупувачите да воспостават кооперативни односи за подолгорочен период, да се сигурни она што ќе го произведат дека ќе  им  биде откупено“, напоменува Николоски.

Преработувачката индустрија Лабрадор, во моментов има 35 кооперанти од кои 9 мина се на возраст од  35-40 години, а  останатите се на над 65 годишна возраст.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top