Вистински тест за охридските ракометари

Post Views: 0 Денес на домашен терен нивен противник ќе биде екипата на Еурофарм Работник, единствената екипа која му нанесе пораз на охридскиот ракометен клуб оваа сезона. После првите одиграни девет кола охридските ракометари се први на табелата. После рутинската победа врз младата екипа на Работнички, вечерва, во рамките од 11-та рунда од Супер лигата, ги очекува противник од кој досега гладијаторите го имаат единствениот пораз во оваа сезона. Капитенот Крсте Андоновски знае дека станува збор за искусна екипа, но уверен е дека со помош на охридската публика мислам дека ќе го добијат...

Continue reading

Додоски: Внимателно на планина во зима

Post Views: 0   Неедуцираноста за движење во планина најголема опасност за сите љубители на планината, посебно во зимски услови. Во Охрид одлично функционира Единицата за спасување во планина која брои околу 30 волонтери од кои 10 алпинисти а останатите се подготвени искусни планинари. Антонио Додоски укажува на можните опасности со кои може да се сретнат рекреативците но и професионалците кои се искачуваат на географски места над 1500 надморска висина каде што владеат субалпски услови.  „Многу често се случува несоодветната опрема да е причина за настанување на некои од несреќите...

Continue reading

pumpa

Пад на цената на горивото

Post Views: 1 Регулаторната комисија за енергетика ги намали цените на нафтените деривати во просек за 2,79 отсто. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од вечерва на полноќ се намалуваат за 1,5 денари. Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,5 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2 денари со што цената на ЕУРОДИЗЕЛ е 69,5 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 2,5 денари за литар со што таа изнесува 58 денари. Малопродажната...

Continue reading

Промовирана едицијата„ Црните страници на Удба“

Post Views: 0 На 13.500 старници е промовирана  едицијата на документи со наслов  „Црните страници на УДБА“.  Едицијата го опфаќа периодот на делување на тајните служби врз поединци па дури и цели семејства кои имале идеи за независна и обединета Македонија во периодот од 1945 до 1990 , па и до 2000 година. Во државниот архив има 15.000 досиеја, а се објавени 202 досиеја. Има и еден дел од лустрираните кои се занимавале со уништување на туѓи животи, посочува директорот на Државниот архив Филип Петровски „Наша иницијатива е еднострана. Она што го објавивме е само почеток и претпоставуваме ...

Continue reading

volonteri

Поддршка на ранливите заедници

Post Views: 4 Детекција на проблемите меѓу ромското население во Струга. Волонтерите на Црвениот крст на оваа општина, изготвија програма за Заеднички развој на заедницата. Координаторот на програмата Ангела Неделкоска Нелоска вели дека нивните активности се насочени за подршка на ранливите заедници, која овозможува со партиципативен пристап да биде инволвирано населението од ранливите заедници во одлучувањето на нивните потреби.Волонтерите веќе се излезени на терен со цел да соберат информации, користејќи различни технички методи, кои пак ќе користат за понатамошните анализи, вели...

Continue reading

Внимателно на големите ударни дупки

Post Views: 1   „Карпош Војвода“, „7 ми ноември“, „Туристичка“ се само дел улиците во градов, каде има големи ударни дупки. Возачите кои често минуваат по овие улици ги знаат овие дупки па се трудат вешто да ги избегнат, но сепак не успеваат секогаш, посебно кога од спротивна страна наидува друго возило. Но има и такви кои прв пат поминуваат низ овие улици, дирекно удираат во нив и често се случува да ги скинат гумите. Според најавите на првиот човек на градот Никола Бакрачески, тешко дека до крајот на оваа година истите ќе бидат санирани. „Оваа година општина Охрид ја заврши тендерската...

Continue reading

Охрид за еден месец новогодишно ќе блесне со стари и нови декоративни украси

Post Views: 1 За еден месец се очекува да започне новогодишното украсување на градот. Во тек е  објавата за избор на најповолен понудувач кој треба да направи амбинетална  и свечена пред новогодишна атмосфера. За декорирање на градот од општинскиот буџет се наменети 1.200.000 денари.Годинава се најавува и новина во декорацијата на  градските улици.   „Се надеваме дека и годинава градот Охрид ќе биде добро украсен од фирма која ќе го добие тендерот и ќе го украси централното градско подрачје. Со нашите реквизити ќе биде проширено украсувањето и некои улици и делови од градот  кои се...

Continue reading

РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ „ИГРАМЕ ШАХ НА КЕЈ“

Post Views: 1 Од 3ти до 8ми август, на Кејот на Охридското езеро, се спроведе проектот „Играме шах на Кеј“. Проектот се спроведе во рамки на годишната програма на шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, а со цел промоција на шахот како игра во која може да се вклучат најразлични возрасни категории. На настанот учествуваа охриѓани и туристи од земјава, како и од државите Србија, Хрватска, Англија, Швајцарија, Данска, Германија и други. Посетителите одиграа партии шах со членови на шаховскиот клуб „Ласкер“ и со шаховскиот клуб „Алкалоид“ од Скопје. На сите учесници им беа доделени ваучери...

Continue reading

Комуналец ќе подига зелен отпад во нас. „Радојца Новичиќ“

Post Views: 7 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 19.11.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 „Радојца Новичиќ„. Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот...

Continue reading

Црните страници на УДБА утре ќе биде промовирана пред охриѓани

Post Views: 7 Денес беше најавена промоцијата на капиталната едиција на документи насловена како „Црните страници на УДБА“ издадена од Државниот архив на РМ. Оваа капитална едиција на документи која е создадена под водство на директорот на државниот архив Д-р Филип Петровски и неговиот тим има огромно значење  не само во македонската историографија и документаристика туку и во целокупното општествено живеење. Низ црните страници на УДБА се отсликани животи на наши предци, на луѓе кои ги познаваме и кои ја доживеале сличната судбина со нашите блиски. Црните страници на УДБА слободно...

Continue reading

Во најава две големи превземања на големи компании

Post Views: 0 Минатата недела по интернет се проширија две гласини за потенцијални аквизиции на големи компании – една од нив е дека Microsoft има намера да го купи BlackBerry, а другата е дека Google би можел да го превземе Twitter. Ова го тврди новинар на Bussines Insider кој минатата недела присуствувал на Engage 2015 конференцијата во Прага и на која разговарал со бројни влијателни луѓе и директори на технолошки компнаии. Посебно го потенцирал одговорот на еден директор (не го открил неговиот идентитет), кој има конекции и во Google и во Twitter, на прашањето дали треба да се...

Continue reading

Обука за пријава на движен и недвижен имот под закуп

Post Views: 4 Граѓаните се едуцираат како да ги плаќаат даноците кон државата оствaрени  од кирии. Издавачите на станови,  деловни простори, дуќани, земја, опрема или превозни средства  кои  оствариле  приходи треба да пријават  данок аконтативно и со годишни даночни  пријави.  Даночното одделение на УЈП Охрид одржа едукативна обука  наменета за сите  субјекти за поголемо доброволно пријавување и плаќање на данок, информираат од УЈП. Има субјекти кои редовно плаќаат данок, но има и такви кои ја избегнуваат таа обврска но се во помал број, посочува шефот на подрачната единица на УЈП...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top