Додоски: Внимателно на планина во зима

Несреќите на планина најчесто се случуваат поради недоволно познавање на опасностите. Од охридската единица за спасување во планина, предупредуваат до сите рекреативци вљубеници на планината, да се едуцираат, но и да носат соодветна планинарска опрема, а посебно да внимаваат на лавини.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Неедуцираноста за движење во планина најголема опасност за сите љубители на планината, посебно во зимски услови. Во Охрид одлично функционира Единицата за спасување во планина која брои околу 30 волонтери од кои 10 алпинисти а останатите се подготвени искусни планинари. Антонио Додоски укажува на можните опасности со кои може да се сретнат рекреативците но и професионалците кои се искачуваат на географски места над 1500 надморска висина каде што владеат субалпски услови.

 „Многу често се случува несоодветната опрема да е причина за настанување на некои од несреќите на планина, значи да бидат максимално посветени и ангажирани околу подготовката на нивните активности бидејки најчесто се случува луѓе кои неподготвени се впуштаат во авантури тука настауваат несаканите несреќи“

Додоски нагласува дека авантуристите пожелно е задолжително да ја пријават маршурата, која планираат да ја реализираат во Единицата за спасување или во најмала рака од дома да ги знаат каде се. Тој вели дека се повеќе луѓе активно се движат во планина посебно во зимски услови. Додава дека тие се впуштаат во т.н ризични авантури и се подложни на падови или на завлегување на лавински опасни терени.

 „Особено оние кои се занимаваат со ваков тип на активности да се свесни дека нашите планини не се исклучок од можноста да се случат лавини, сведоци сме биле на многу лавини на Галичица и Јабланица, така што би апелирал и тука да бидат повнимателни и да избираат линиија на движење која ќе е најбезбедна за нив“.

Додоски упати апел и до месното население во руралните средини кои живеат во планински тешко достапни села, посебно при обилни врнежи на снег да се подготват . Исто така да ја следат временската прогноза и најдобро е доколку се во можност во шпиц сезоната кога врнежите на снег се најобилни да се преселат кај нивни блиски во градот. Како што е познато планините Галичица, Јабланица но и и останатите планински предели во регионот се екстремно опасни во зимски услови. Тука може да навеат наноси снег високи и над два метри. Во минатото на Галичица се случија неколку несреќи од кои две завршија трагично.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top