Поддршка на ранливите заедници

Волонтерите на Црвениот крст Стуга се зафатија за спроведување активности, кои се наменети за поддршка на ранливите заедници. Во Струга како целна група за работа избрана е ромската популација.

 |  Билјана Николоска  | 
volonteri
волонтери

Детекција на проблемите меѓу ромското население во Струга. Волонтерите на Црвениот крст на оваа општина, изготвија програма за Заеднички развој на заедницата. Координаторот на програмата Ангела Неделкоска Нелоска вели дека нивните активности се насочени за подршка на ранливите заедници, која овозможува со партиципативен пристап да биде инволвирано населението од ранливите заедници во одлучувањето на нивните потреби.
Волонтерите веќе се излезени на терен со цел да соберат информации, користејќи различни технички методи, кои пак ќе користат за понатамошните анализи, вели Нелоска. Таа додава дека во моментов не располагаат со потребни податоци за состојбата и проблемите со кои се соочува ромското население во Струга, кое е избрано како целна група.
volonteriНелоска вели дека анкетата е само мал дел од предвидените активности коi ќе им ја олесни работата. Преостанува уште многу работа додава таа. Тимовите кои се вклучени во имплементирање на програмата за Заеднички развој на заедницата ги сочинуваат претставници од општината, образование, волонтери и членови од заедницата. За нецела недела се очекува согледување и анализирање на состојбата од терен а потоа и конкретно насочување кон ангажман за детектираниот проблем. Волонтерите на Црвениот крст од Струга сметаат дека програмата успешно ќе биде спроведена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top