Вистински тест за охридските ракометари

Денес на домашен терен нивен противник ќе биде екипата на Еурофарм Работник, единствената екипа која му нанесе пораз на охридскиот ракометен клуб оваа сезона.

 |   | 

Денес на домашен терен нивен противник ќе биде екипата на Еурофарм Работник, единствената екипа која му нанесе пораз на охридскиот ракометен клуб оваа сезона.

После првите одиграни девет кола охридските ракометари се први на табелата. После рутинската победа врз младата екипа на Работнички, вечерва, во рамките од 11-та рунда од Супер лигата, ги очекува противник од кој досега гладијаторите го имаат единствениот пораз во оваа сезона. Капитенот Крсте Андоновски знае дека станува збор за искусна екипа, но уверен е дека со помош на охридската публика мислам дека ќе го добијат овој натпревар.

„Изгубивме еден разлика во Битола иако водевме за време на целиот натпревар, успеаа еднаш да победат и да го добијат натпреварто, се надевам дека денес нема да биде така. Имаат една искусна екипа, но ние со помош на охридската публика мислам дека ќе го добиеме овој натпревар“ вели Крсте Андоноски – капитен Р.К. „Охрид“.

Голманот на охридскиот ракометен клуб Благојче Трајкоски, потенцира дека важен момент во вечерашниов натпревар ќе биде одбраната. Трајкоски објасни дека пред нив вечерва се наоѓа нависитна квалитетен противник кој е и финансиски моќен и составен од интернационалци и ракометари со репрезентативно искуство.

„Имаме досега не знам осум или двет победи еден нерешен резултат и еден пораз ама поразот најмногу не боли и ни стои како црна точка цело време, се надевам дека на овој натпревар ќе го дадеме макисмумот од нас. Секој ќе ја изврши задачата која тренерот ја бара од нас и дека на крај ќе се радуваме на победа. Публиката ни е осми играч на теренот кој ни дава ветер во грб на теренот и се надевам дека ќе дојдат во што поголем број, апелира Благојче Трајкоски – голман Р.К. Охрид.

Натпреварот во „Билјанини Извори“ кој ќе започне во 19 и 30, а судии на дерби пресметката меѓу Охрид и Еурофарм Работник се браќата Георгиевски. Цената на билетот изнесува симболични 30 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top