24-годишен охриѓанец физички нападнал полициски службеници

Post Views: 4 На 25.02.2022 година околу 02 часот во СВР Охрид приведен е М.И.(24) од Охрид, кој претходно, на булеварот „Македонски просветители” го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

Експресна реакција на ЈП „Биљанини извори“

Post Views: 7 Првиот човек на ЈП „Биљанини извори“ , Ристе Мишев, веднаш со реакција на денешниот прес на СДСМ од Охрид. На обвинувањата дека изградните тениски игралишта и повеќенаменското игралиште зјаат празни и дека нема кој истите да ги користи, Мишев со објаснување дека тој не познава тенисери кои играат тенис на отворени тениски терени на минусни температури. Проектот за изградба на затворен базен пак, е многу повеќе од купишта земја и неколку метални шипки. „Што се однесува до покријаниот базен можам да кажам дека изградбата тече според планираното, информациите кои ги добивам...

Continue reading

Охриѓанец физички нападнал Скопјанец на „Лазо Трпоски“

Post Views: 1 На 12-ти август 2021 година, на улицата „Лазо Трпоски“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 38-годишниот В.Ѓ. од Охрид, врз И.М.(32) од Скопје. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Наумоски: Од развој на спортски туризам нема ниту спорт, ниту туризам

Post Views: 11   Развојот на спортскиот туризам во градот, од кој нема ниту спорт, ниту туризам, е само фантазија на градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев, обвинија од ОО на СДСМ Охрид на денешната прес конференција. Портпаролот Мишел Наумоски упати јавна критика, до актуелното раководство во градов, дека некои од спортските терени се под клуч и се приватни игралиушта за негување на спортскиот дух помеѓу членовите на ДПМНЕ, а место за обичните граѓани немало. „Наводните вложувања што криминалните структури на ДПМНЕ помпезно ги презентираа...

Continue reading

Охрид има потреба од современа театарска зграда

Post Views: 5 Охрид има потреба од изградба на театарска зграда каде што ќе функционира  Народниот театар. Зградата каде што сега функционираат охридските актери е изградена во 1952 година и не ги задоволува современите потреби и услови за работа, информира директорот на Центарот за култура и Народен  театар Горан Стојаноски. „ Нова зграда подразбира нова традиција и достоинство. Самата зграда не го прави театарот, но луѓето мора да дојдат во место каде што ќе се чувствуваат  пријатно. Со новата зграда се прави нова традиција во основа почит кон граѓаните. Може да дојдат на место...

Continue reading

Јужна Кореја инсталира 5G мрежа

Post Views: 0 Корејските медиуми тврдат дека тамошните оператори веќе работат на изработка на инфраструктура за 5G мрежа, а до крајот на десетлетието би можело цел свет беспрекорно да сурфа со брзини до 20Gbps. Имено, 5G е мрежа на новите генерации кои би требало да ги наследат постоечките 3G и 4G протоколи за интернет на паметните телефони и кои ќе претставуваат револуција во светот на сообраќајот на податоци.За 3G прв пат се слушна во 2010 година кога се овозможи пренос на податоци (download) до 384 Kbps за да во 2012 овој протокол доживее напредок и да поддржи максимални 42 Mbps,...

Continue reading

Вонредно акционерско собрание на А.Д. „Отекс“

Post Views: 9 Во недела 29. јануари, ќе се одржи Вонредно Акционерско собрание на А.Д. „Отекс.“ Закажан терминот за долгонајавуваното Вонредно акционерско собрание на акционерите на поранешен А.Д. „Отекс“. Во недела 29-ти јануари во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во 14 часот во присуство на адвокатот Игњат панчевски, ќе се одржи, вонредното собрание. Присуството е задолжително.

Continue reading

igracka

Пазарната инспекција откри олово во детски играчки

Post Views: 10 Олово, формалдехид, амини, отровни бои, мониста од синџирчиња, ситни делчиња од белезици, јаженца со кои може да се задуши вашето дете. Не станува збор за извештај од хемиска лабараторија или хорор-филм, туку за недозволени состојки што ги има во играчките со кои секојдневно си играат децата. Од вчера Пазарниот инспекторат е на терен и во следните пет дена ќе ги проверува детските играчки што се изложени во продавниците. Во Институтот за јавно здравје велат дека годинава се направени 352 контроли, а кај седум типа играчки се пронајдени тешки метали и отровни материи....

Continue reading

Охриѓани мрзнат при изведување, опело на покојникот

Post Views: 0   Охриѓани мрзнат при изведување, опело на покојникот. И покрај што капелата на градските гробишта има клима уред, истиот не е во функција. Подот кој е од мермерни плочки не ретко може да се забележи дека веднаш после миење замрзнува така што површината е лизгава, луѓето се греат на свеќите кои се палат до покојниот. Ова се само дел од забелешките кои како проблем пред целата охридска јавност ги изнесе менаџерскиот тим на приватното погребално претпријатие „Мирен Сон“. Директорот на ЈП „Градски Гробишта“ Зоран Симоноски ваквите забелешки ги отфрла како невистинити. „Ова...

Continue reading

Новите вработувања во ЈП„Охридски Комуналец“ и „Градски пазар“, неприфатливи за опозицијата

Post Views: 2 15те нови вработувања во ЈП „Охридски Комуналец“ и 11 те во ЈП „Градски пазар“, главна тема на дискусија на денешната 66та седница на градскиот совет. Советниците од опозиционите партии жестоко реагираа на предлог Одлукате за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП „Охридски Комуналец“ и  ЈП „Градски Пазар“ за 2017 година. За нив е нелогично како овие две јавни претпријатија кои не остваруваат нови приходи поради што одвај врзуваат крај со крај бараат да вработат нови лица. И во двете претпријатија дел од вработените континуирано...

Continue reading

Ramiz Merko

Буџетот на општина Струга, топ тема

Post Views: 10 Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, во телефонски разговор за ТВМ, рече дека не се согласува со реакцијата на пратеничката Затуроска, од причина што седницата која што се одржа на 30 ти декември минатата година, претседателот не ја дозавршил и немало конечна одлука. На истата таа седница со точност не можел да се констатира бројот на гласови на струшките советници, за, против или воздржани, за да на продолжението од 35 тата седница која се одржа на 5 ти јануари се примени поединечно гласање, при што буџетот помина и се донесе одлука за негово усвојување, додава...

Continue reading

Дебрчани најaвуваат блокади на регионалниот пат Охрид – Кичево

Post Views: 1 Жителите од општина Дебрца најавуваат протести на регионалниот пат Охрид Кичево. Тие повторно го кренаа гласот, но овој пат  против асфалтната  база за која  информираат дека подизведувачот  на автопатот почнал со градежни активности. Базата се гради на само 300 метри од  реката Сатеска, во близина на Белчишкото заштитено блато и  среде обработлива земјоделска површина.  Минатата пролет, во месец  мај,  дебрчани се побунија против изградбата на каменоломот  кој требаше да се гради покрај црквата Св. Кирил и Методиј. Тогаш изградбата беше стопирана од Државниот градежен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top