Експресна реакција на ЈП „Биљанини извори“

Директорот Ристе Мише, вели дека тенис не се игра на отовorен тениски терен во месец јануари, кога температурите се под нулата, а што се однесува до динамиката за иградба на затворениот базен, Мишев добил информација од  инвеститорот  дека целиот прект ќе заврши во предвидениот рок, односно втората половина на 2018та година.

 |   | 

Првиот човек на ЈП „Биљанини извори“ , Ристе Мишев, веднаш со реакција на денешниот прес на СДСМ од Охрид. На обвинувањата дека изградните тениски игралишта и повеќенаменското игралиште зјаат празни и дека нема кој истите да ги користи, Мишев со објаснување дека тој не познава тенисери кои играат тенис на отворени тениски терени на минусни температури. Проектот за изградба на затворен базен пак, е многу повеќе од купишта земја и неколку метални шипки.

„Што се однесува до покријаниот базен можам да кажам дека изградбата тече според планираното, информациите кои ги добивам од инвеститорот целиот прект ќе заврши во предвидениот рок, односно 2/2 на 2018та година. Тоа што тој го нарекува неколку метални шипки тоа е металната конструкција на темелната подлога којашто во овој момент е во завршна фаза“ потенцира Ристе Мишев – директор ЈП „Биљанини извори“.

Директорот на ЈП истакна дека во овој период кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ, многу е направено за развојот на спортот во градот.

„Откога ВМРО-ДПМНЕ е на власт во Охрид и Градоначалникот Никола Бакрачески во спортско-рекреативниот центар „Биљанини ивори“ се изгради стадион на вештачка трева, три тениски терени, едно повеќенаменско игралиште и започна изградбата на затворениот пливачки базен. Тоа е реалност, граѓаните тоа го гледаат за разлика од кога што СДСМ беше на власт во Охрид и кога нивни кадри раководеа со ова ЈП“ објаснува Ристе Мишев – директор ЈП „Биљанини извори“.

Што се однесува до минатото и периодот додека на власт беа структурите на СДСМ, во тој период од 8 години не се изградил ниту еден спортски објект или некоја друга спрортска инфраструктура, вработените не земале плата по 6 месеци а единствено нешто што го оставиле во наследство биле огромните долгови, обвини Мишев.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top