Охрид има потреба од современа театарска зграда

Охрид има потреба од современа театарска зграда.

 |  Валентина Неловска  | 

Охрид има потреба од изградба на театарска зграда каде што ќе функционира  Народниот театар. Зградата каде што сега функционираат охридските актери е изградена во 1952 година и не ги задоволува современите потреби и услови за работа, информира директорот на Центарот за култура и Народен  театар Горан Стојаноски.

„ Нова зграда подразбира нова традиција и достоинство. Самата зграда не го прави театарот, но луѓето мора да дојдат во место каде што ќе се чувствуваат  пријатно. Со новата зграда се прави нова традиција во основа почит кон граѓаните. Може да дојдат на место да поминат во сериозен  социјален едукативен чин“, вели дирекотрот Горан Стојаноски.  

 Минатата година над 5 000 гледачи ги видел  7 -те премиерии и 168 одиграни претстави. Во изминативе  години кога од 2011 функционира  охридскиот народен  театар поминале над 10.000 посетители. Директорот на народниот театар се надева дека до крај на оваа година ќе отпочнат и конкретни активности за  изградба на современ објект каде што 20- тината охридски актери ќе имаат подобри услови за работа.

„ Се работи за зграда која би се правела на просторот на летната кино бавча. Би имала 4 спрата со сите најнови механизми за сцена, техничко уредување за актерите, административните работници, техничарите. Ќе се гради на високо проевроско ниво“, кажува Стојаноски.  

Министерството за култура годинава ќе поддржи проекти на Центарот за култура и народниот театар во висина од 4 милиони денари. Поддржани се две театарски претстави „ Аналфабет“од Бранислав Нушиќ во режија на Ѓорѓи Ризески  и „ Баал“ од Бертол Брехт во режија на Андреј Цветаноски, и една детска претстава.  Покрај овие две претстави народниот театар до крај на 2017 година ќе реализира уште две претстави. Финансиска поддршка ќе добијат и културните манифестации како што се Балканскиот фестивал,  Староградски средби, Прличевите беседи, Хорските активности и детското драмско студио.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top