Post Views: 0
Планетата Земја ни е една и единствена и сите треба да ја чуваме. Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ облечени во прекрасни костими од рециклирани материјали преку песна и игра ни ја пренесоа оваа порака. Приредбата беше дел од проектот „Рециклирање и имагинација“ кој тимот од градинката го реализира во сите групи. Овој настан предизвика радост и насмевки на детските лица.
Тимот на воспитувачки од градинката повеќе од еден месец се подготвувале за денешниот настан. Покрај во учење песничките поврзани со планетата Земја многу труд бил вложен и во изработката на костимите...
Post Views: 0
Спроведена уште една од редовните крводарителски акции, предвидени со годишниот план и програма, на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Денес во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, уште еднаш студентите ја искажаа својата хуманост. Од организацијата задоволни од собраните единици.
„Денеска до овој момент се реализирани 28 единици крв, со што веќе ја надминавме очекуваната бројка. 0.48 (лепи) 0.53Оваа акција е отворена и покрај студентите и граќанството може да дарува крв и на наше задоволство денес имавме крводарители кои специјално...
Post Views: 1
На паркингот пред х. Белведере се создава депонија, обвинуваат станари на соседната станбена зграда. На просторот каде се поставени садовите за отпад има големи количини амбалажа и комунален отпад надвор од контенјерите, а добар дел завршува и во околното зеленило. Станарите до нашата редакција испратија и снимки како потврда дека дел од огромните количини отпад кои секојдневно ги генерира хотелот, завршува надвор од контејнерите. Велат дека службите од ЈП Охридски Комуналец доаѓаат скоро секоја втора вечер меѓутоа ги празнат само контејнерите, но не и расфрланата амбалажа...
Post Views: 2
Победата над фашизмот, доловена преку триесеттина автентични фотографии од Втората светска војна. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше отворена изложбата по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот. Организатори на овај настан беа Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид и Општина Охрид.
Пораката која што ја праќа оваа изложба е дека не треба да го заборавиме 9ти мај и тоа што нашите минати генерации и претходници го вградиле за тоа што денес го имаме и треба да го чуваме и негуваме,...
Post Views: 5
Повеќе авиолинии до најголемиот и најатрактивен туристички центар, Охрид, бараат туристичките работници од охридско струшкиот регион. Туристичките работници од хотелскиот еснаф смеаат дека од исклучителна важност е гостите наместо во Скопје да слетуваат во Охрид.
„Секако треба да се разгледаат сите опции кои постојат за зголемување на бројот на летовите до охидскиот аеродром. Тука не гледам некоја конкуренција помеѓу охридскиот и скопскиот аеродром бидејќи и двата се на ТАВ, така да и во нивен интерес е да бидат подеднакво искористени, не во еден да има гужви а другиот...
Post Views: 1
Цената на златото во понеделникот падна за 4% и по прв пат по пет години падна под нивото од 1.100 долари по унца што е последица на очекувањата дека наскоро ќе бидат зголемени каматите во САД. Цената на азиските берзи се продаваше по 1.088 долари и е најниско ниво од март 2010 година.Инвеститорите обично купуваат злато во периоди на големи нестабилности на светските финансиски пазари бидејќи златото е сигурно за вложување во капитал во нестабилни времиња.Меѓутоа, од минатата недела златото е под притисок на се поизгледното зголемување на каматите во САД до крајот на...
Post Views: 4
ОО на Црвен крст Охрид и оваа година се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“. Водени од основните принципи ја мобилизираме моќта на хуманоста да спасуваме животи и да го намалиме страдањето, вели Сашо Точков претседателот на охридското движење на Црвениот Крст.
„На денешен ден во 1928 година, роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположникот на движењето на Црвениот Крст, во таа чест насекаде во светот се чествува овој ден. Ние со мала пригодна свеченост...
Post Views: 0
Турци, Грци, Германци, Срби, Бугари се дел од странските државјани кои работат во македонски компании.
Освен зголемувањето на странските директни инвестиции, податоците покажуваат дека расте и бројот на странци кои работат во земјава. Дел од нив се на директорски позиции, дел се обични работници, а дел спортисти, пишува порталот „Лидер“.
Според податоците на Агенцијата за вработување, во 2011 година биле издадени 1.871 дозвола за работа на странци, во 2012 година работна дозвола добиле 2.218 странски државјани, додека во 2013 година бројката достигнува 2.623 дозволи...
Post Views: 6
Денот на реката Дрим се одбележа со трибина во селото Орман. На средбата учествуваа претставници од различни институции, инспекторатите за животна средина, од Секретаријатот на Дрин Кор групата, ученици и локално население кое живее по текот на Коселска Река која пак е под сливот на реката Дрим. Станува збор за засегнати страни кои влијаат врз донесување на политики и на ситуацијата со Коселска Река и Црн Дрим како главна река, информира Ѓоко Зороски од ЕД Грашница. Тој кажува дека постојано посочуваат проблеми кои со години се исти. Тоа се неопфатеноста на населените...
Post Views: 3
Охриѓани посебно младите заинтересирани да се обучат како да пружат прва помош. Според податоците со кои располага Општинската организација на Црвен крст, 20 до 30% од населението знае да укаже прва помош правилно, вели Сашо Точко, претседател на Црвен крст Охрид. Денес по 46-ти пат се одржа Општинскиот натпревар по прва помош. На седум пунктови низ градов, младите активисти од Црвен Крст заедно со учениците од основните и средните училишта кои посетуваа обуки за прва помош, ги спроведуваа предвидените активности. Годинава околу 200 млади биле обучени за давање прва...
Post Views: 1
Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, ќе добие кривична пријава од полицијата за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Извори од МВР велат дека струшкиот татко дозволил незаконска изградба на угостителски локал во центарот на Струга. На таа локација која не смеело да се гради. Од МВР најавуваат дека со повеќе информации ќе излезат во текот на денот. Мерко не ја коментира ваквата неофицијална информација.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Центарот за јавно здравје овој месец ќе продолжи со системска дератизација. Тоа е една од мерките за заштита на населението од заразни болести од глодарите, информира д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Со пролетната дератизација што ќе ја спроведуваат наскоро, ќе бидат опфатени 3000 шахти во разни делови од градот. Епидемилогот појаснува зошто претежно во стариот дел од градот се јавуваат стаорци и покрај континуираната дератизацијата која се прави.
„Во Охрид многу се гради и се уништуваат леглата на глодарите. Им се уништуваат живеалиштата па тие ги напуштаат и...