logo

Наставниците се жалат на проблеми со е-дневникот

Post Views: 1 Електронскиот дневник кочи и брише оценки, реагираат наставниците што мора да го користат овој софтвер за да ги информираат родителите за состојбата на оценките на нивните деца, пишува „инфо+“ порталот. Еден од проблемите со кои се соочуваат е и тоа некогаш системот да им ги избрише веќе внесените оценки, па да мора од почеток да ја работат работата. Наставници што сакаат да останат анонимни, велат дека впишуваат оценки и во слободно време, чекајќи системот да се активира. – Ги навиваме будилниците во три ноќе. Системот кочи, не работи, брише сè што си напишал...

Continue reading

Агенцијата за филм за прв пат остварува соработка со престижната професионална програма „Мидпоинт“

Post Views: 2 Агенцијата за филм за прв пат остварува соработка со престижната професионална програма „Мидпоинт“, која што е една од водечките програми за развој на филмски проекти. Директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска Илиевска вели дека голем предизвик е тоа што токму во Македонија се одвива една ваква значајна програма. „Навистина се надевам дека ова ќе биде едно големо и значајно искуство за сите филмски професионалци кои се дел од работилницата. Ова ги потврдува нашите заложби, пред се заложбите на Агенцијата за филм, континуирано, покрај поддршката во однос на финансирањето...

Continue reading

Што ни порачаа ЕУ и НАТО

Post Views: 1 Еврокомесарот Јоханес Хан на прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев во Брисел побара национален консензус околу евроинтеграцијата што ќе ги надмине политичките и етнички линии и наредни реформски чекори кои ќе ја придвижат земјата напред. Тој нагласи дека политичката криза кај нас траеше предолго, дека сега земјата е пред нов почеток, но нема време за задоволство бидејќи има премногу работа што треба да се заврши. Веќе за 26 јуни тој најави посета на Македонија и ја повтори најавата дека во земјата ќе дојде и Рајнхард Прибе со својот тим за да се посвети, како што...

Continue reading

vmro-dpmne

Дали ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ќе останат заедно

Post Views: 3 Коалицијата на ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ на стаклени нозе. После низата превирања кои се случија на самиот почеток од годинава, поради недавањето поддршка на буџетот на општина Струга за 2012 година од страна на советничката група на ВМРО –ДПМНЕ, во струшкиот совет се повеќе се чуствува напната атмосфера. Секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски во врска оваа прашање со став. „Јас не сум политички избрана личност така да не би можел да зборувам во делот на политиките. Но колку што знам јас на седницата на советот имаат одредени партии кои што ги поддржуваат одредени акти...

Continue reading

Дејановиќ: Хималајскиот врв К2 мојот реализиран сон

Post Views: 1 Алпинистот Здравко Дејановиќ кој го виде светот од вториот највисок врв во светот, хималајскиот К2, своите впечатоци ги овековечи во книга. Во последните 8 години, на овој врв кој се протега на планинската верига Каракорум и е висок 8661 метри, Дејановиќ е првиот македонец, а втор човек во светски рамки кој во тој осумгодишен период се искачил таму. При искачување на врвот К2 секогаш сте изложени на животна опасност, раскажува Дејановиќ. Тој појасни како се одлучил да ја напише оваа книга која во неговата меморија од мисли имала посебен фолдер. „После искачувањерто на...

Continue reading

Започнаа уписите во пливачкaта школа „Делфини 2012

Post Views: 1 Летото е време за спорт, релаксација и рекреација. Период кога децата кои не знаат да пливаат можат да ги совладат и научат пливачките техники. Тоа можат да го направат на градскиот отворен базен под менторство на ренормираното име во овој спорт професор Соња Думбаловска Делова. Пливачката школа „Делфини 2012“ веќе 6 години по ред е место каде охриѓанчињата можат да ги совладаат, но и да ги усовршат пливачките техники. Уписите во школата се во тек, напоменува професор Соња Думбаловска Делова.   „Секако приоритет ни се малите деца кои треба да ги научиме да пливаат во...

Continue reading

ЗАПОЧНУВА „ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО“

Post Views: 11 Од денеска до 22 август на повеќе локации во село Велестово и во Охрид ќе се одржи 33. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. Свеченото отворање ќе биде вечерва со почеток во 21:00 часот во село Велестово, со настап на гитаристот Мартин Милески. За делото на Ристо Лазаров ќе беседи проф. Д-р Димитар Пандев, а стиховите ќе ги интерпретира актерот Ивица Цонев. Водител на програмата ќе биде Марина Димовска. Специјални гости на настанот ќе бидат учениците на годинешната 54.  летна школа на Mеѓународниот семинар  за македонски јазик, литeратура и култура. Истата...

Continue reading

Сообраќајниот знак забрането паркирање и задржување кај Капетанија не се почитува

Post Views: 32 На прагот од новата туристичка сезона се повторуваат старите, познати комунални проблеми. Еден од нив е непочитување на сообраќајните знаци кои доведуваат до создавање метеж на охридските улици. Дел од улицата која ги поврзува улиците Коста Абраш и Самоилова повторно е во сообраќаен хаос. Полицијата и овој пат не презема ништо да се реши сообраќајниот хаос во овој дел од градот. На просторот каде што е поставен знакот има бројни паркирани автомобили со охридски, но и со странски регистарски таблички. Дополнително се забележуваат и возила кои вршат дотур на стока кога...

Continue reading

Населбата „Гоце Делчев“ денес без вода

Post Views: 2 Од МЈП Проаква информираат дека денес, понеделник,12-ти јуни, поради дефект на главна водоводна линија, пукната цефка ф 160 мм, кој настана во тек на претходната ноќ, има прекин во водоснабдувањето на дел од Населба Гоце Делчев. Прекинот во водоснабдувањето е од 6 часот и ќе трае се до отстранување на дефектот.

Continue reading

Microsoft – Windows 10 најбезбеден досега

Post Views: 5 Во изминатите години Windows стекна репутација дека е платформата која е констатно мета на напади од хакери, злонамерни програми и вируси па многумина го обвинуваа Microsoft дека не работи доволно за да го направат побезбеден. Но, ако земеме во предвид дека станува збор за најкористениот оперативен систем, ни најмалку не чуди фактот дека е честа мета на злонамерни напади. И покрај сѐ, Microsoft објави нова реклама за Windows10 во која истакнува дека се работи за најбезбеден Windows до сега. Во неа се истакнуваат неколку безбедносни функции на платформата како на пример...

Continue reading

Стружани и денес протестираа

Post Views: 1 Со блокирање на крстосницата која ги спојува регионалните патишта за Охрид, Дебар и граничниот премин Ќафасан тие сакаат да го свртат вниманието кон проблемот со дивата депонија која го загадува градот. Од претставници на Владата на РМ им било ветено дека ќе се бара решение за проблемот. Ако не се исполнат ветувањата, стружани од среда ќе ги радикализираат протестите. Блокирана крстосницата која ги спојува регионалните патишта за Охрид, Дебар и граничниот премин Ќафасан. Граѓаните на Струга и денес на ваков начин протестираа, со цел да го свртат вниманието на јавноста...

Continue reading

kastracija

Во Македонија се воведува хемиската кастрација за педофилите

Post Views: 1 Македонија е прва земја во регионот која ги направи овие измени и тоа се со цел да се заштити детето на прво место, и прва земја која ќе почне со хемиска кастрација на педофилите. Според измените за кривичното дело обљуба на дете кое не наполнило 14 години минимална затворска казна е 12 години, доколку детето-жртва било тешко повредено или пак го загубило животот во нападот на педофилот минималната казна е 15 години со опција и за доживотен затвор. Новина во измените е воведувањето на медикаментната терапија позната како хемиска кастрација, односно специјални вакцини...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top