Сообраќајниот знак забрането паркирање и задржување кај Капетанија не се почитува

Сообраќајниот знак забрането паркирање и задржување кај Капетанија не се почитува.

 |  Валентина Неловска  | 

На прагот од новата туристичка сезона се повторуваат старите, познати комунални проблеми. Еден од нив е непочитување на сообраќајните знаци кои доведуваат до создавање метеж на охридските улици.

Дел од улицата која ги поврзува улиците Коста Абраш и Самоилова повторно е во сообраќаен хаос. Полицијата и овој пат не презема ништо да се реши сообраќајниот хаос во овој дел од градот.
На просторот каде што е поставен знакот има бројни паркирани автомобили со охридски, но и со странски регистарски таблички. Дополнително се забележуваат и возила кои вршат дотур на стока кога е најголема фрекфенцијата на сообраќај. Така, на стеснетата улица се оневозможува нормален проток на возила и пешаци.

Жителите од стар град кои не сакаат јавно да зборуваат пред камерата на ТВМ за овој проблем нагласуваат дека паркираните возила создаваат проблеми пред се на пешаците и туристите кои постојано се вознемируваат од несовесните возачи.

Напоменуваат дека едвај чекаат како што е најaвeно од ЛС да се изгради  малиот плоштад со кој веруваат дека ќе се надмине проблемот. Во меѓувреме граѓаните се прашуваат каде е сообраќајната полиција која треба да ги санкционира ваквите појави или во најмала рака барем да делува превентивно во почитување на сообраќајната сигнализација за да се воспостави ред на улиците.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top