Во Македонија се воведува хемиската кастрација за педофилите

Македонија е прва земја во регионот која ги направи овие измени и тоа се со цел да се заштити детето на прво место, и прва земја која ќе почне со хемиска кастрација на педофилите.

kastracija
кастрација

Македонија е прва земја во регионот која ги направи овие измени и тоа се со цел да се заштити детето на прво место, и прва земја која ќе почне со хемиска кастрација на педофилите.

kastracijaСпоред измените за кривичното дело обљуба на дете кое не наполнило 14 години минимална затворска казна е 12 години, доколку детето-жртва било тешко повредено или пак го загубило животот во нападот на педофилот минималната казна е 15 години со опција и за доживотен затвор.

Новина во измените е воведувањето на медикаментната терапија позната како хемиска кастрација, односно специјални вакцини кои педофилот ги добива на секои од три до шест месеци, а кои го неутрализираат неговото либидо и нагон. Задолжителната хемиска кастрација ќе важи само за повратниците-педофили додека за останатите е предвидено намалување на казната и за половина доколку се согласат да ја земаат терапијата. Дури и за педофилите осудени на доживотен затвор е предвидено казната да се намали на 40 години доколку се подложат на хемиска кастрација.

педофилЗа педофилите осудени на затворски казни до 20 години предвидено е тие да ја примаат терапијата до крајот на животот, а за возврат да ја добијат минималната казна затвор, односно 12 години. Со новите измени се предвидува судот да има право да одлучи до кога би траело лекувањето на педофилот, но и присилно лекување.

Фармаколошката терапија педофилите ќе ја добиваат во специјализирани здравствени установи и по издржувањето на затворската казна, надзорот ќе го врши тим од Управата за извршување на санкции, која најмалку на секои шест месеци ќе мора да го информира судот за напредокот, односно потребата за продолжување или прекинување на терапијата.

Според прописите во наредните петнаесетина дена измените ќе бидат објавени и во Службениот весник на РМ со што и официјално ќе стапат на сила.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top