Дејановиќ: Хималајскиот врв К2 мојот реализиран сон

Во Охрид промовирана книгата „Како го искачив к2“. Ова авторско дело на алпинистот Здравко Дејановиќ, зборува за авантурите на една успешна експедиција за освојување на еден од најопасните, најтешките и најризичните светски врвови К2.

 |  Николоска Биљана  | 

Алпинистот Здравко Дејановиќ кој го виде светот од вториот највисок врв во светот, хималајскиот К2, своите впечатоци ги овековечи во книга. Во последните 8 години, на овој врв кој се протега на планинската верига Каракорум и е висок 8661 метри, Дејановиќ е првиот македонец, а втор човек во светски рамки кој во тој осумгодишен период се искачил таму. При искачување на врвот К2 секогаш сте изложени на животна опасност, раскажува Дејановиќ. Тој појасни како се одлучил да ја напише оваа книга која во неговата меморија од мисли имала посебен фолдер.

„После искачувањерто на К2 се појави од моја страна потреба да дообјаснам се што не можев да објаснам во текот на моите излагања во електронските и штампаните медиуми. Во едно време бев на мисла дали К2 и Анапурна да ги спојам во една книга, но одлучив да ги раздвојам затоа што различна е природата на искачувањето и настаните што се случуваа на К2 се многу поразлични од она што ми се слулчуваше на Анапурна“.

Она што го прави врвот К2 опасен по живот се лавините од камења, раскажува Дејановиќ. Додаде дека овој врв досега ниту еден човек на планетата Земја не го искачил во зимскиот период. Досега три или четири експедиции се обиделе, но не успеале во тоа. Сепак за Дејановиќ, зоните на смртта, како што ги нарекува врвовите над 8 000 метри, кои ги има 14 во светот, од кои 13 се искачени во зима, останува само врвот К2. Дејановиќ повторно сака да го освои овој врв, но овојпат во зимски период и покрај тоа што, како што вели е голем ризик, но за него претставува иден предизвик за искачување и освојување.

„За мене, јас и во книгата пишувам кога стигнав прв пат да го видам К2 во 2013 година, тоа некаде од 4 500 метри, кога стигнавме во еден од тие трекинг кампови, прв пат кога имав прилика да го видам реков за мене екпедицијата е успешна со тоа што го видов она за кое што сонував со години. Без разлика што таа година не го искачив значи не е главната цел да се искачи а да се доведете во некој екстремен ризик. Убаво и корисно е да пробате да го искачите, ако се појават услови и триумфално да се вратите назад“.

Името на македонската алпинистичка легенда Здравко Дејановиќ со златни букви е запишано во историјата на алпинизмот по големото достигнување, откако тој во рок од три години ги освои трите најтешки врвови на Хималаите, Монт Еверест, К2 и врвот Анапурна. После книгата „Како го искачив к2“, Дејановиќ најверојатно ќе издаде книга и за авантурите при искачувањето на Анапурна кои исто така оставиле голем белег кај него.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top