Post Views: 3
Десет години плажа Потпеш. Една од најубавите плажи на охридското крајбрежје, плажа ресторанот Потпеш кај Канео синоќа го одбележа својот десетгодишен јубилеј. Оваа плажа која со многу труд и љубов беше уредена во 2007 год. набргу потоа стана едно од најпосетуваните места на брегот на Охридското Езеро. Еден од сопствениците, Томе Тримчев вели дека уредувањето на ова прекрасно катче на охридското крајбрежје и претворање во она што е денес бил негов дамнешен сон.
„Исполнување на мојот сон, исполнување на сонот на могу охриѓани. Со многу труд од една обична депонија ова...
Post Views: 1
Во Охрид интензивно се гради сред сезона. Иако уште пред десеттина години се донесе забрана за извршување градежни работи за време на летните месеци, тоа не ги попречува инвеститорите да градат. Побаравме одговор од Локалната самоуправа дали градежниот инспекторат е запознаен со ваквата состојба низ градов, дали инспекторите се излезени на терен и што е превземено. Од таму го добивме следниот одговор:
Од општинскиот инспекторат е направен увид на две локации каде се одвиваат градежни работи, при што е укажано на почитување на одлуката на Советот на Општина Охрид од март...
Post Views: 13
Во последните години австралискиот и новозеландскиот долар се наоѓаат на листата на валути кои најмногу губеле на вредноста. Новозеландскиот долар во последните 4 години во однос на американскиот долар изгубил 25% од вредноста додека австралискиот во истиот период изгубил дури 33% од својата вредност. Слабеењето во однос на еврото беше нешто послабо, па новозеландскиот остана на исто ниво додека австралискиот долар изгуби 13%.Причинита за ова е успорувањето на растот на побарувачката на суровини од Кина која е најголем купец на австралиски и новозеландски руди и земјоделски...
Post Views: 0
Локалната и централната власт започнаа преговори за поедноставување на постапките за носење на урбанистичките планови и одобренија за градба. Градоначалникот Бакрачески истакна дека треба да се направат одредени измени во законската регулатива, пред се во Законот за просторно планирање и Законот за градење.
„Сметаме дека треба да се направат одредени измени во законската регулатива, пред се во законот за просторно планирање и Законот за градење, кои што ќе овозможат граѓаните многу побрзо и многу поефикасно да ја прибават потребната документација за постапките за градење,...
Post Views: 4
Сурогат-мајчинството е комплексен проблем и од психолошки и од психијатриски аспект и затоа треба сериозно да му се пристапи, а сурогат-мајката треба да биде добро информирана што ја очекува кога ќе се случи чинот на предавање на бебето на идните родители.
Многу да се внимава на психичката состојба на потенцијалните сурогат-мајки порачаа психијатрите и психолозите учесници на јавната дискусија за предлогот на Министерството за здравство да се воведе сурогат мајчинство во Македонија.
Според нив, треба да се формира стручна комисија која прецизно ќе одреди дали мајката...
Post Views: 1
Градоначалникот Никола Бакрачески, на средбата од претставниците на Владата, а во поглед на решавање на прашањето на регионалната депонија за отпад која треба да се гради во Дебрца, побарал и преиспитување на локацијата и дополнителни анализи од страна на стручни лица.
„Наодите од последната физибилите студија и препораките кои што бе упатени до Владата за лоцирање на регионалната депонија во селото Годивје, во Дебрца, коишто за нас како Општина Охрид, претпоставувам и за мештаните на Дебрца во прв момент изгледа не прифатливо. Врз основа на податоците коишто ги даваат...
Post Views: 0
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести , а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Јавната Здравствена Установа „Центар за јавно здравје“ ги известува граѓаните и пчеларите дека денес ќе се спроведе втората планирана земјена адултна дезинсекција против комарци.
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во деновите 21.07.2017 год.(петок ) и 22.07.2017 год. (сабота) екипите на Центар...
Post Views: 0
Ново одлагање на главниот претрес за несреќата која се случи во близина на струшкото Пливалиште. Според упатствата дадени од страна на Апелациониот суд, односно во решението, со кое е укината првостепената пресуда, наложено e да се изврши и дополнително вештачење од страна на професор Милан Чундев. Бранителот на Цвете Вранишкоски, адвокатот Ставре Џикоски истакна дека дополнителното вештачење е причината поради која е одложен денешниот судиски претсрес.
„Сега пред повторното судење,што е коректно од страна на судијата доставеное дополнително писмено мислење од страна...
Post Views: 4
Владата на Р Македонија е подготвена да најде решение управувањето на колекторот за прочистување на Охридското Езеро да биде изземено од надлежноста на општините, ова меѓу другото го истакнал Премиерот Зоран Заев кој вчера доцна попладне имаше две одвоени средби со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и в.д. градоначалник на Струга Мустафа Забзун.
Премиерот нагласил дека едно такво решение ќе го олесни работењето на општините Струга и Охрид, и најавил дека ќе биде подготвен детален проект за реконструкција и доградба на колекторскиот систем за трајна заштита на...
Post Views: 0
Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат дека се работи за терористички напад, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил околу 16 часот кога полицијата почнала да апси маж поради кражба на автомобил, јавува „Ројтерс“. Откако полицијата извесно време го бркала низ улиците, човекот, чие име и националност не се наведуваат, удрил во билборд и застанал во близина на бензинска пумпа. Мажот потоа излегол од автомобилот облечен како нинџа и со јапонски самурајски меч се упатил кон полициското...
Post Views: 0
Охриѓани го освојуваат Азискиот континент. Нашиот сограѓанин, познатиот џез музичар, композитор и гитарист, Владимир Василевски-Четкар на неодамнешната азиска турнеја во Тајланд ги наполни концерните сали. Четкар настапи на најпознатиот џез фестивал Хуа Хин, на кој се претстави со авторска музика, а отсвири и една композиција од неодамна починатиот крал на Тајланд, Бумибол Адулиаде, кој бeше мулти инструменталист и страствен вљубеник во џез музиката. Четкар беше придружуван од тајландскиот бенд „Фанкшн“, како и од еден од најпознатите инструменталисти во Југоисточна...
Post Views: 9
Деновиве во рамки на средното училиште „Св. Наум Охридски“ се одвиваат повеќе градежни активности. Спортското игралиште целосно се реконструира, се поставува нова подлога, ракометни стативи, кошеви за баскет и мрежи за одбојка. Денес, градежни екипи вршат тампонирање на игралиштето, додека од утре започнува оградувањето и поставување на заштитната мрежа.
Игралиштето заедно со новата училишна спортска сала формираат еден спортски центар опремен и погоден за сите временски услови, за активности на учениците на отворено и во затворен простор.
Исто така, денеска во училиштето...