Десет години плажа ресторан Потпеш

Една од најубавите плажи на охридското крајбрежје, синоќа со коктел забава на која присуствуваа голем број редовни гости и соработници на менаџерскиот тим го прослави својот роденден.

 |   | 

Десет години плажа Потпеш. Една од најубавите плажи на охридското крајбрежје, плажа ресторанот Потпеш кај Канео синоќа го одбележа својот десетгодишен јубилеј. Оваа плажа која со многу труд и љубов беше уредена во 2007 год. набргу потоа стана едно од најпосетуваните места на брегот на Охридското Езеро. Еден од сопствениците, Томе Тримчев вели дека уредувањето на ова прекрасно катче на охридското крајбрежје и претворање во она што е денес бил негов дамнешен сон.

„Исполнување на мојот сон, исполнување на сонот на могу охриѓани. Со многу труд од една обична депонија ова место го претворивме во најубаво во државава. Плажата Потпеш нуди мир, спокој, култура, добра храна и добра музика, вели Тримчев“ објаснува Томе Тримчев- сопственик на плажа-ресторан Потпеш.

Потпеш е препознатлив по прекрасниот и неповторлив амбиент, внимателно одбран екстериер и ентериер, убава музика и вкусна традицонална храна. Иако се следат модерните трендови сепак на оваа плажа не е изгубен градскиот дух и она што е автентично за ова место.

„Ние ќе го задржиме овој концепт што значи градското, македонското пред се и ќе се насочиме кон привлекување на што повеќе странски и домашни туристи со нашата квалитетна услуга и нашата културна програма“, вели Тримчев.

Прославата траеше вчера преку целиот ден, а беше заокружена со коктел забава на која присуствуваа голем број редовни гости и соработници на менаџерскиот тим. Атмосферата како и секогаш беше на највисоко ниво подгреана од звуците на бенд кој специјално за оваа пригода беше ангажиран од Скопје.
Инаку, Потпеш во овие изминати десет години стана култно место за охриѓани и гостите. Многу семејни веселби, родендени, средби на пријатели се случуваат токму таму. Покрај убавата храна во која неизоставни се рибата и охридските специјалитети, гостите ќе можат да уживаат и во италијанска кујна, тие се релаксираат со одлично подготвени коктели и прекрасна музика. Менаџерскиот тим на плажа-ресторанот Потпеш ветува задржување на имиџот кој веќе го имаат, а тоа е врвен квалитет на услуга и понуда, како и пристапни цени за гостите кои ќе го посетат ова место.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top