• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Дали граѓаните ќе можат побрзо и поефикасно да ја прибават потребната документација за градење?

Дали граѓаните ќе можат побрзо и поефикасно да ја прибават потребната документација за градење?

На средбaта помеѓу премиерот Зоран Заев и Градоначалникот Никола Бакрачески, меѓу останатите проблеми кои го засегаат Охрид станало збор и за поедноставувањето на постапките за носење на урбанистичките планови и одобренија за градба коишто најмногу ги чувствуваат оние кои имаат проблеми со прибавувањето на документацијата за градење.

 |   | 

Локалната и централната власт започнаа преговори за поедноставување на постапките за носење на урбанистичките планови и одобренија за градба. Градоначалникот Бакрачески истакна дека треба да се направат одредени измени во законската регулатива, пред се во Законот за просторно планирање и Законот за градење.

„Сметаме дека треба да се направат одредени измени во законската регулатива, пред се во законот за просторно планирање и Законот за градење, кои што ќе овозможат граѓаните многу побрзо и многу поефикасно да ја прибават потребната документација за постапките за градење, а од друга страна локалните самоуправи да можат поефикасно и поквалитетно да ги исполнуваат и испорачуваат услугите кон граѓаните на Охрид и на РМ“ објасни Никола Бакрачески – Градоначалник на Општина Охрид.

Бакрачески потенцира дека на средбата било констатирано дека постои неусогласување на одредени делови од различните закони кои се однесуваат на една иста област. Имено, за Охрид како град кој се наоѓа на Охридското Езеро, важат неколку моменти кои се различни од оние кои важат за останатите градови во насока на прибавување на одобренија за градба, бидејќи на сила се многу закони како Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за градење, тука е и Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, Законот за води и Законот за заштита и унапредување на животната средина и природата. Станува збор за една покомплексна структура во спроведувањето на постапките за градење, многу посложена за разлика од другите општини.

„Меѓутоа заради низа на несогласувања во овие различни закони наидуваме на оддолжување на процедурите или нејаснотии во дадени делови на постапката. Владата покажа огромно разбирање и за ова наше барање кое веројатно ќе биде барање и на другите општини во РМ. И секако, она што нас врзано со овие законски регулативи не тишти е можноста за добивање на одобренија за градба за реконструкција на градскиот кеј, кој што е насушна потреба на граѓаните на Охрид“ вели Никола Бакрачески – Градоначалник на Општина Охрид.

Бакрачески потенцираше дека огромна е потребата од реконструкција на овој дел од градот, бидејќи е изграден во далечната 1979-та година и има доста оштетувања, без да се потенцира фактот дека станува збор за една од знаменитостите на Охрид и главна атракција, не само за охриѓани, туку и за гостите во нашиот град, во текот на целата година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top