Владата подготвена да го преземе управувањето со Колекторот

Владата на Р Македонија е подготвена да најде решение управувањето на колекторот за прочистување на Охридското Езеро да биде изземено од надлежноста на општините, ова меѓу другото го истакнал Премиерот Зоран Заев кој вчера доцна попладне имаше две одвоени средби со  градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и в.д. градоначалник на Струга Мустафа Забзун.

 |   | 

Владата на Р Македонија е подготвена да најде решение управувањето на колекторот за прочистување на Охридското Езеро да биде изземено од надлежноста на општините, ова меѓу другото го истакнал Премиерот Зоран Заев кој вчера доцна попладне имаше две одвоени средби со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и в.д. градоначалник на Струга Мустафа Забзун.

Премиерот нагласил дека едно такво решение ќе го олесни работењето на општините Струга и Охрид, и најавил дека ќе биде подготвен детален проект за реконструкција и доградба на колекторскиот систем за трајна заштита на водите на Охридското Езеро. Градоначалникот Бакрачески средбата ја истакна како мошне конструктивна и ја поздрави подготвеноста на владата да го тргне од плеќите на општината, најголемиот генератор на долгови,

„Охридското Езеро е национално богатство и неговата заштита, треба да биде не само обврска на општините Охрид и Струга туку и на држават. Се надевам дека многу брзо работните групи на Владата и локалните самоуправи на Охрид и Струга, ќе работат на овој проблем за конечно да може колекторот кој претставува огромен финансиски терет, за двете општини и којшто во најголем дел, ги креира долговите на МЈП „Проаква“ конечно да биде под капа на државата. Со тоа двете работни единици, ВОдовод Охрид и Водовод Струга ќе може понатаму полесно да ги менаџираат своите обврски“, истакна Градоначалникот на Општина Охрид Никола Бакрачески.

Еден од заедничките проблеми за кои станало збор на оваа средба се проблемите во финансиското работење на двете единици на локална самоуправа кои се соочуваат со хроничното блокирање на сметките на општините, заради долговите кои се создадени од повеќе причини.

„И покрај напораната работа и посветеност на локалната самоуправа во зиминатите 4 години, да направи финснсиска консолидација или стабилизација на општината, во што и во дел успеавме, како што неколку пати кажав дека за разлика од 2013 година денес, целокупниот долг по сите основи е намален за околу 800 000 000 денари или 13 милиони евра. Но сеуште, е прерано да се каже дека општината нема финансиски проблеми. Сепак ќе треба репрограмирање на долгот, за што премиерот Заев и Владата покажаа разбирање и се согласивме дека во иднина заеднички ќе бараме други алтернативни решенија евентуално преку кредити од комерцијални банки или меѓународни фондации коишто би дале долгорочен кредит по поволни каматни стапки“, рече Градоначалникот на Општина Охрид Никола Бакрачески.

 

Бакрачевски, на средбата исто така побарал асистенција од владата во поглед на решавање на прашањето на регионалната депонија за отпад која треба да се гради во Дебрцаи преиспитување на локацијата од страна на стручни лица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top